ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Обвинение за фалсификување и употреба на лажни исправи за регистрација на полициски синдикат

May 22, 2023 14:57
in ДЕНЕС, ХРОНИКА

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против две лица за фалсификување и употреба на лажни исправи за регистрација на полициски синдикат.

Како што информираат од Јавно обвинителство, првото е обвинето за кривично дело – Посебни случаи на фалсификување исправа и Употреба на исправа со невистинита содржина, додека, вториот обвинет се товари дека му помогнал да ја употреби исправата со невистинита содржина.

– На 6 март, во простории на СВР Велес, првообвинетиот 42-годишен велешанец измамил две лица, наведувајќи ги да се потпишат наводно на пристапници за зачленување во Независниот синдикат на полиција, а притоа им поделил пристапници за тогаш сè уште неформираниот Синдикат на полиција во Македонија, стои во соопштението од Јавно обвинителство.

Оттаму дополнуваат дека ваквите исправи, со помош на вториот обвинет 46-годишник од Битола, првообвинетиот ги искористил за упис и регистрација на синдикалната организација.

– Кон барањето за регистрација на синдикатот биле приложени записници од наводно одржано основачко собрание на Синдикат на полиција во Македонија со список на присутни, иако такво основачко собрание воопшто не било одржано, дополнуваат оттаму.

Tags: лажни исправиОЈОРегистрација
Next Post

Костадиновска-Стојчевска: Преку организиран пристап инвестираме во културна инфраструктура овојпат и на локално ниво во Крушево

НАЈНОВО

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

Трамп од Орбан побарал укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ

August 20, 2025

Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk