ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Тренчевска: Нема да ја заборавиме подадената рака на пријателскиот турски народ во пресудните историски мигови

May 22, 2023 09:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија никогаш нема да ја заборави подадената рака на пријателскиот турски народ во пресудните историски мигови, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска синоќа во обраќањето на свеченостa организирана по повод 19 мај, Денот на сеќавањето на Кемал Ататурк и празник на младоста и спортот.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, свеченоста со своето поздравно обраќање ja отвори претседателот на Партијата за движење на Турците, Енес Ибрахим.

-Во мое и во име на Владата на Република Северна Македонија го честитам овој значаен празник на сите наши сограѓани припадници на турската заедница, како и на сите припадници на турскиот народ насекаде низ светот. Овој ден е од посебно значење за турската заедница, но и за нас, македонскиот народ бидејќи историското наследство на таткото на модерна Турција, големиот реформатор  Мустафа Кемал Ататурк е и наследство со кое и ние се поистоветуваме, меѓу другото и поради неговите корени кои потекнуваат токму од нашата држава, рече Тренчевска во своето обраќање.

Таа истакна дека државата никогаш нема да ја заборави подадената рака на пријателскиот турски народ во пресудните историски мигови. Министерката посочи на тоа дека Турција беше меѓу првите земји кои ја признаа независноста, територијалниот интегритет и суверенитет и истакна дека тоа е непобитен факт, длабоко врежан во историјата на македонската држава.

-Македонскиот народ не го брише минатото, туку се гордее со него. Безвременските дела на големиот Кемал Ататурк денес се оживеани преку културните институции, преку неговиот Музеј во родното место на неговите предци Коџаџик во Центар Жупа, преку спомен собата во Музејот во Битола и Турскиот театар во Скопје. Турскиот јазик е жив во нашата држава и се зборува во училиштата, но за нас е најважно сите деца да си ја негуваат традицијата од најмали нозе затоа во градинките имаме и групи кои учат и се воспитуваат на турски јазик, рече Тренчевска.

Министерката своето обраќање го затвори со искажување на своето уверување за продолувањето на одличните односи меѓу Република Северна Македонија и Турција како и зацврстување и унапредување на взаемната соработка.

Свеченоста продолжи во духот на уметноста со настап од познатиот турски пејач Озѓун, стои во соопштението. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МТСПТренчевскаТурција

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk