ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

May 24, 2023 09:22
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со повеќе настани под мотото „Писмото е нашиот универзум“ денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите.

Чествувањата на сесловенските просветители почнаа вчера со свечена академија во Филхармонија и концерт во црквата Св.Софија во Охрид.

Денеска, пак, во хотел „Инекс Олгица“ ќе се одржи панел дискусија „Македонскиот јазик во словенскиот свет” на која воведен збор ќе има премиерот Димитар Ковачевски, по што ќе биде положено цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на плоштадот во Охрид. Меѓу другите и делегација на Собранието, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав Жаклина Лазаревска, Лазе Таневски и Лидија Петкоска, претпладне ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот на „Св. Кирил и Методиј“ на плоштадот во Охрид.

Централната свеченост по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, е напладне на Плаошник.

Светите Кирил и Методиј иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, Црквата одредила и заедничко празнување на 24/11 мај. На почетокот Црквата одделно го празнувала споменот на двајцата браќа, на деновите на нивното упокојување Св. Кирил на 27/14 февруари и на Св. Методиј на 19/6 април, но подоцна се увидела потреба за нивен заеднички празник. Родени се во Солун, во семејство на висок византиски службеник. Татко им Лев бил помошник на командантот на Солунската област, а мајка им Марија потекнувала од угледна фамилија.

За двајцата браќа најважна е Моравската мисија, којашто е важна и за иднината на сите Словени. Иницијатива за оваа мисија дал моравскиот кнез Ростислав кој за да ја стабилизира својата држава на политички план преземал мерки за решавање на црковното прашање. За организација на црквата во својата земја тој побарал помош од Византија. Замолил да му испратат луѓе кои божјото слово ќе го проповедаат на разбирлив словенски јазик. Уште барал и епископ кој би ја организирал црквата да стане самостојна во однос на Рим. Но, и Византија имала свој интерес па во тоа време на заострување на односите во самата христијанска црква, а за да не дојде до натамошен раскол му испратиле само учители мисионери, а не и епископ. Тие мисионери биле Кирил и Методиј.

Тогаш Словените немале букви, така што Кирил морал да состави и азбука и да ги преведе неопходните книги на словенски јазик. За составување на оваа прва словенска азбука (глаголицата), за првите преводи од грчки на словенски јазик Кирил го искористил јазикот на македонските Словени од Солун и околината. Кирил починал во Рим на 27/14 февруари 869 година и денес неговите мошти почиваат во римската црква „Свети Климент“. Методиј починал на 19/6 април 885 година и бил погребан во моравската престолнина Велеград. По смртта на Методиј неговите ученици останале без заштита. На Горазд му се губи трагата, некои од учениците биле продадени како робови, други протерани на југ. Светите Климент и Наум делото на своите учители го продолжиле на брегот на Охридското Езеро во древниот град Охрид. Во согласност со Законот за празниците во земјава, 24 Мај – Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј е државен празник и неработен ден за сите граѓани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ПисмоСв. Кирил и Методијсесловенските просветители

НАЈНОВО

ПСЖ го потопи Интер во финалето на Лигата на шампионите

May 31, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Арсовска достави докази во ОЈО во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон

May 31, 2025

Наместо европски реформи – предизборни идентитетски магли

May 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француска собарка – новиот симбол на политичкиот речник на ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk