Францускиот фудбалер Лукас Ернандез ги прекина преговорите со Баерн за нов договор.
Како што беше претходно објавено, страните беа блиску до склучување договор до летото 2027 година.
Според „Фут Меркато“, процесот бил прекинат поради фактот што ПСЖ му го претставил својот проект на дефанзивецот на кого и му се допаднале плановите на Парижаните. Преговорите меѓу двете страни во последно време значително се интензивираа. Ернандез е заинтересиран за преселба во клуб од Лига 1.
Сезонава фудбалерот одигра седум натпревари во Бундеслигата, откако се врати на теренот по закрепнувањето од кинењето на вкрстените лигаменти.