ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Неславен стар на Бин-Бин во Скопје: Три украдени тротинети, се фрлаат во контејнер, наплаќаат големи суми за поминати 100 метри

May 25, 2023 09:19
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По неколку дена откако турската компанија Бин-Бин постави електрични тротинети низ Скопје, три од нив се веќе украдени, според последните информации од МВР.

Порпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски вели дека досега се пријавени три кражби на ова алтернативно превозно средство.

На социјалните мрежи изминатите денови имаше реакции дека веќе голем дел од тротинетите се оштетени, но и критики на адреса на турската компанија за интеракцијата со клиентите.

Снимки на кои се гледа како деца на возраст од 13-14 години ги кршат електричните тротинети кои од неодамна можат да се изнајмат во Скопје, објави телевизијата „Канал 5“.

Непримерното однесување и уништувањето на тротинетите започна во првиот момент кога тие станаа достапни за скопјани, замислени како еколошко и практично средство за градски превоз.

Покрај уништувањето и вандализмот, граѓаните деновиве реагираа и за оставањето на тротинетите расфрлани насекаде – од велосипедски патеки и пешачки премини, до градилишта и приватни дворови.

Семејство од Скопје доживеало голгота затоа што после плаќањето на користењето електричен тротинет, апликацијата продолжила да им зема од сметката средства иако според инструкциите го прекинале користењето на услугата, објави Телма.

Родител се пожали дека системот поради „багови“ во софтверот кој најверојатно не бил тестиран или не било забележано дека има аномалии при тестирањето, продолжува да наплаќа од сумата.

За нивна среќа, во кол-центарот кој работи на англиски и на турски јазик, службеник го решил проблемот во 4 наутро. Таткото на девојката која го користела електричниот тротинет објави дека треба да се внимава затоа што можно е апликацијата од картичка да ги извлече сите средства, а пресметките велат дека за 24 часа тоа се 13.000 денари.

Скопјанец со уште едно горко искуство откако решил да се повози со тротинетите кои од минатата недела им се на располагање на граѓаните за изнајмување. Тој сподели дека поради апликацијата морал да плати 360 денари за возење од Централен регистер до Железничка.

Телефонската поддршка не беше достапна (работи само до 23-00 часот). Го оставив без да го исклучам, немаше друга опција. Ми зарачунаа околу 360 денари дека сум им должен. 360 денари од Централен регистер до Железничка. За тротовите што ги фрлиле во река или контењер не жалете, осигурани се 100%. Уште една шема за финансиско касапење на недолжна клиентела… заклучува овој скопјанец во својата објава.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бин-БинМакедонијаТротинети

НАЈНОВО

Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

ВМРО-ДПМНЕ на седница на ИК ќе утврдува нови кандидати за градоначалници

July 6, 2025

Далај Лама го прославува 90. роденден

July 6, 2025

Амнести: Властите во Србија мора да ја прекинат незаконската употреба на сила против демонстрантите и да истражат пријави за полициско насилство

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Дебакл на надворешната политика на Муцунски, ниту еден успех, само порази и понижувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk