Европска Унија и фармацевтската компанија Фајзер и БиоНТек денеска постигнаа договор за измена на договорот за набавка на вакцини против Ковид-19.
Договорот е постигнат по повеќе месеци преговори, со кој се намалува количината што ЕУ мора да ја купи и пролонгирајќи го рокот за испорака до 2026 година. Други детали од Договорот не се познати.
Оригиналниот договор беше потпишан во мај 2021 година и ја обврза ЕУ да купи 900 милиони дози вакцини од Фајзер и БиоНТек, со опција за дополнителни 900 милиони до крајот на 2023 година.
Околу половина од првите 900 милиони дози од договорот сè уште не се испорачани бидејќи минатата година се намали побарувачката за вакцини.
Во 2022 година „Фајзер“ заработи рекордни 100,3 милијарди долари во својата 174-годишна историја, додека годинава треба да заработи меѓу 67 и 71 милијарда долари, објави на почетокот од годината „Фајненшл тајмс“.