„Се плашам дека ќе ни се повтори Букурешт и нова блокада“.
Ова го изјави претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во „Клик Плус“.
„Се плашам дека ќе се разидат патиштата со Албанија ако не се отвори Уставот, што не е добро. Стравувам дека ќе ни се случи нов Букурешт кога Албанија и Хрватска влегоа во НАТО, а ние останавме да чекаме. Сега да се случи Албанија да го продолжи патот, а ние и натаму да останеме назад“, рече Таравари.