ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

МЕФ23: Иднината е во обновливите извори на енергија

May 30, 2023 12:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Започна шестиот Македонскиот енергетски форум – МЕФ23 во Скопје. Иднината е во обновливите извори на енергија, децидни беа сите говорници на отворањето на овогодинешниот форум. Форумот од година во година расте и ги опфаќа сите важните теми од полето на енергетиката. Темата на овогодинешниот МЕФ23 е „Подобрување на триаголникот ‘Политики – Финансиска – Енергетска технологија’ за енергетска отпорност и зелена транзиција”.

“Чест ми е што сум покровител на овој регионален форум, каде бизнис заедницата, академијата и владите од регионот се на исто место и дискутираат за иднината на енергетиката и обновливите извори на енергија,” изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи.

“За нашата влада, јасен е изборот што го правиме за енергетиката, а истовремено тоа е и многу добро за бизнисот. Со овозможувањето на либерализација на енергетскиот пазар, Северна Македонија стана енергетски лидер во Западниот Балкан, особено во користењето на обновливи извори на енергетика,” додаде Битиќи.

“Итно да се дејствува за диверзификација на енергетските ресурси”, порача американската амбасадорка во државава Анџела Агелер на отворањето на шестото издание на МЕФ Енергетскиот Форум 2023.

Мартин Викерс, претставник на Велика Британија за енергетика во Западниот Балкан, потврди дека обновливите извори на енергија се јасна иднина и се приоритет за Велика Британија. “Гледам дека има многу амбициозни цели поставени од Владата на Северна Македонија и гледам дека тие цели полека се остваруваат,” истакна Викерс.

“Денеска, се потсетив колку тешка зима имавме кога беше во прашање енергијата и целата енергетска криза. Заедно ја поминавме целата криза и си помогнавме едни на други. Ве охрабруваме да продолжите и да ги завршите сите законски измени за енергетска ефикасност оваа година, не само за да осигураме безбедна иднина и заштита од следните кризи, туку и да можете да ги отворите новите фондови на ЕУ.”, изјави Џулијан Васало, заменик амбасадор на ЕУ во Северна Македонија.

Македонскиот енергетски форум продолжува денес и утре, со нови дискусии и сесии посветени на проблемите и возможностите пред енергетскиот сектор. МЕФ е заедничка иницијатива на ЗИП Институт, Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

Форумот започна во 2018 година како иницијатива којашто требаше да поттикне редовен формален дијалог за различни теми поврзани со енергетиката, да придонесе за разјаснување на интересите на инвеститорите во енергетиката во овој регион и да понуди алтернативни решенија во поглед на геостратегиските енергетски позиции.

Tags: МЕФ23Фатмир Битиќи
Next Post
Shutterstock

СЗО: Очекуваниот животен век се зголемува за околу десет години за оние кои се откажале од пушењето во своите 30-ти години

Shortcut

Најново

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk