ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на Светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

May 30, 2023 15:17
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на одбележувањето на 30 Мај – Светскиот ден на мултипла склероза што се одржа во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза.

Во своето обраќање, г-а Ѓоргиевска истакна дека оваа болест е тешка и непредвидлива и бара постојана борба и терапии при што суштествена е психолошката поддршка на болните, но и на нивните семејства.

„ Затоа би сакала да ја искористам оваа можност, и на сите заболени од мултиплa склероза, но и на нивните блиски, како и на моите колеги лекари кои учествуваат во дијагностицирањето и лечењето, да им честитам на храброста и упорноста. Вие сте пример за сите нас, пример за целото општество. Оттука севкупната заедница, сите ние заедно мора да направиме се за да ја подобриме вашата состојба. Тука сме да ве поддржиме, да ви олесниме, да ви помогнеме. Да ви подадеме рака во вашата секојдневна исцрпувачка борба со лошата болест. Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на Светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината”, порача сопругата на претседателот.

Според г-ѓа Ѓоргиевска денешниот настан организиран од Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е можност за споделување на искуства, информации и практики.

„Членовите на здружението, со оглед дека и самите се лица со мултипла склероза знаат со какви искушенија се соочува секој што живее со оваа болест. Уште еднаш јавно ви изразувам благодарност и ви посакувам и понатаму ревносно, посветено и полни со оптимизам да ги реализирате вашите програми и проекти. Верувам дека нема да останете сами во активностите за подобрување на секојдневието на лицата кои боледуваат од мултипла склероза и дека ја имате поддршката од целата заедница”, истакна г-а Ѓоргиевска.

На настанот воведно обраќање имаше Ана Карајанова Димитрушева, претседател на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза, а се обратија и министерот за здравство, Фатмир Меџити, заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин и директорот на ЈЗУ Универзитетска Клиника за неврологија, Висар Мифтари.

Со овој настан, Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза се приклучува во глобалното одбележување на Светскиот ден посветен на мултипла склероза којшто и годинава се одбележува под мотото „МС поврзувања”, со цел подигање на свеста и обезбедување навремена и точна дијагноза, подобра терапија и подобар квалитет на живот за пациентите со мултипла склероза.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЃоргиевскаСветски ден на мултипла склероза

НАЈНОВО

Словенија легализираше потпомогнато самоубиство

July 18, 2025

САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии

July 18, 2025

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски втор ден молчи – дали поднел барање за бугарско државјанство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk