ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Посветено работиме на националните политики за превенција и подигање на јавната свест за појавата на трговијата со луѓе

May 30, 2023 11:31
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заменикот амбасадор на Сојузна Република Германија, Ото Граф, директорот на ГИЗ во Република Северна Македонија Давид Оберхубер и директорот на MARRI, Сашко Коцев со своите поздравни обраќања ја отворија регионалната конференција: „Успешни заедно! Регионални увиди и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе” организирана во рамките на проектот на Германско друштво за интернационална соработка „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Западен Балкан”.

„Трговијата со луѓе претставува сериозна повреда на човековите права и претставува закана за слободата и безбедноста на секое општество. Нашата држава како и земјите во регионот често играат улога во секоја од фазите на трговија со луѓе – како земја на потекло, транзит или дестинација. Би сакала да ги изразам искрените поздрави до земјите од регионот – да ја истакнам потребата од заедничка, обединета акција против трговијата со луѓе, која е транснационален организиран криминал” рече Тренчевска.

Таа истакна дека Министерството за труд и социјална политика преку секторот за еднакви можности има улога на координатор на Националниот механизам за упатување на жртви на трговија со луѓе (НМУ) којшто претставува рамка за соработка и координиран пристап помеѓу социјалните служби, полицијата, трудовите инспектори и невладиниот сектор. Министерката исто така ги објасни и чекорите кои министерството ги презема со цел справување со овој предизвик.

„Воспоставивме 5 мобилни тимови во Скопје, Битола, Куманово, Гевгелија и Тетово за идентификација на ранливи категории граѓани вклучително и жртви на трговија со луѓе. Во составот на мобилните тимови има претставници на Центрите за социјална работа, претставници на Министерството за внатрешни работи националната единица за борба против трговија со луѓе и здруженија на граѓани. Овие тимови во текот на нивната работа постигнаа извонредни резултати и се познати како добар пример, не само во нашата држава туку и во регионот” истакна министерката.

Таа исто така се осврна и на статистиката од минатата година и посочи дека во 2022 година во Република Северна Македонија идентификувани се 9 жртви од кои 8 женски и 1 машко лице. Министерката рече дека најголем број од лицата се на возраст од 14 до 17 годишна возраст. Министерката информираше и за случаеви и за оваа година и рече дека во 2023 година, три девојчиња биле цел на сексуална експлоатација.

На крајот од своето обраќање министерката се заблагодари за поддршката на меѓународните организации, граѓанскиот сектор и на сите вклучени актери за нивниот активен придонес во борбата против трговијата со луѓе.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МТСПтрговија со луѓеТренчевска
Next Post

Османи: На земјите-кандидатки за членство во ЕУ им требаат веродостојни и реални привремени чекори со цел унапредување на економијата

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

ДИК: Сите избирачки места навреме се отворени, гласањето се одвива без проблем

October 19, 2025
Како Анаис го прави хороскопот на Фронтлајн

Како Анаис го прави хороскопот на Фронтлајн

October 19, 2025

Променливо облачно, температурата до 19 степени

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk