ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска: Не смее да се нормализира говорот кој дискриминира и поттикнува насилство

May 31, 2023 13:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
„Историјата ни дала бројни поуки за последиците од организирано ширење омраза, а во контекст на технолошките можности кои ги имаме денеска, ова прашање стана далеку посериозно”- истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешната конференција „Општество без омраза: заеднички труд и заедничка цел”.

Во своето воведно обраќање, вицепремиерката Грковска посочи дека е неопходно да се градат сеопфатни и што пошироки пристапи за справување со говорот на омраза, кои ќе ги вклучуваат сите аспекти на проблемот: корените на омразата, мотивите за нејзино ширење и искористување за одредени цели, справувањето со штетите врз поединците, групите, општеството и демократските уредувања на глобално ниво, како и регулацијата и санкционирањето.

„Клучно е да јакне свеста за разликите помеѓу слободата на говор и злоупотребата на таа слобода за дискриминирање, омаловажување и за поттикнување насилство врз цели групи во општеството”- додаде Грковска.

Таа посочи дека проблемот со говорот на омраза не може да се реши со една мерка или закон и дека справувањето мора да биде континуирано, со вклученост за сите страни и со инкорпорирање на меѓународните практики и искуства.

Овие појави, кои ја рушат функционалноста и кохезијата на општеството и кои влијаат на стабилноста, мирот и развојот, не смеат да бидат игнорирани, изјави вицепремиерката, додавајќи дека не смее да се остави неограничен простор за ширење омраза, која резултира со насилство и жртви.

„ Она на што јас би сакала посебно да се осврнам е личната одговорност, особено на оние кои имаат  одредено влијание во средината, а тоа влијание го користат, па дури и го јакнат преку ширење омраза.

Таквото однесување и таквата реторика на политичарите и јавните личности е катализатор за негативниот набој во општеството”- потенцираше Грковска и дополни дека клучно е заедничкото, посветено и постојано работење на заедничката цел – да се обезбеди ефикасна заштита од говорот на омраза во рамките на човековите права, демократијата и владеењето на правото.

Ова беше и заедничкиот заклучок од денешниот настан, кој се организира по повод промоцијата на Препораката на Комитетот на министри за борба против говор на омраза на македонски јазик, а во рамки на програмата на Европската унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција”.

Tags: Грковсканасилство
Next Post

Тренчевска: Секогаш е вистинско време за носење на Закон кој ќе биде во согласност со промените во трудовата област

НАЈНОВО

Над 76.000 пријавени за вакцинација, досега вакцинирани 43.000 лица

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025

Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk