ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Секогаш е вистинско време за носење на Закон кој ќе биде во согласност со промените во трудовата област

May 31, 2023 13:08
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се обрати на годишната конференција „Преминот помеѓу постоечкото и новото работно законодавство во Северна Македонија – премногу рано или премногу доцна за нов закон за работните односи?” во организација на Здружението за трудово и социјално право на Северна Македонија, а со поддршката на Меѓународната организација на трудот. Поздравно се обратија и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Сашо Георгиевски, Претседателот наЗдружението за трудово и социјално право на Северна Македонија, Тодор Каламатиев, Потпретседателот на Здружението за трудово и социјално право на Северна Македонија, Александар Ристовски и националниот координатор на Меѓународната организација на трудот во Северна Македонија, Емил Крстановски.

„Добри работни односи се оние каде што има баланс на силите во работниот однос, каде постојано се подобрува односот работник – работодавач, што од друга страна води кон помалку несогласувања меѓу нив. Тоа се односи во кои работниците се задоволни и за што имаат правична и пристојна плата, а работното место им е безбедно. Постоењето на јасни правила помеѓу двете страни и нивното почитување, придонесува секоја компанија да може да создаде продуктивна работна средина која го поттикнува деловниот раст” рече Тренчевска.

Министерката се осврна на подготовката на новиот Закон за работни односи и истакна дека процесот на изработка беше целосно инклузивен затоа што беа вклучени сите оние кои можат да дадат придонес во обликувањето на законот и неговата содржина.

„Тргнувајќи од значењето на двете страни на работниот однос во конципирањето на правилата на работниот однос, сепак главни партнери ни беа претставниците на синдикатите и здруженијата на работодавачите. Ова значеше издигање на трипартитниот дијалог, односно социјалниот дијалог на национално ниво, на многу висока позиција. Покажавме дека сакаме да го слушнеме гласот на работниците, бизнис заедницата, но и на граѓанските организации, претставниците на судовите и на академската заедница” посочи министерката Тренчевска.

Министерката своето обраќање го заокружи со својот одговор на прашањето кое го носи името на конференцијата и посочи дека секогаш е вистинско време за носење на Закон кој ќе биде во согласност со промените во трудовата област, кој ќе биде добра основа за понатамошно унапредување на односите помеѓу работниците и работодавачите, за зголемување на продуктивноста на трудот и креирање на нови работни места.

Tags: МТСПТренчевска
Next Post

Руските милблогери со критики до Кремљ за нападот со дронови врз Москва

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk