ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими: Владата ќе продолжи да го поддржува АД ЕСМ за да не поскапи струјата

June 1, 2023 21:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата ќе продолжи да го поддржува АД ЕСМ со цел да не поскапи струјата за граѓаните, порача вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими.

-Во Буџетот на годинава се предвидени 225 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството за справување со кризата од кои дел се наменети за ЕСМ, рече Бесими во емисијата „Вин-вин“ на ТВ Телма.

Посочи дека во текот на изминатата грејна сезона на ЕСМ од Буџетот му беа префрлени вкупно 320 милиони евра за да не поскапат струјата и парното, а со намалувањето на ДДВ-то како поддршка за пониски сметки беа одлеани дополнителни 70 милиони евра или вкупно речиси 400 милиони евра за да не се зголемат цените на енергентите.

-Сметам дека е добро што во сметките за електрична енергија што ги добиваат граѓаните стои колкава е субвенцијата што ја добиваат, бидејќи тоа се нивни пари кои доаѓаат од даноците што ги плаќаат. Граѓаните треба да знаат каде се трошат нивните пари, а само политика на Владата е да ја даде субвенцијата. Сметам дека во сметките за оваа година треба да стои и европското знаме, бидејќи од Европската Унија како грант ни се доделени 84 милиони евра за справување со енергетската криза годинава, рече Бесими.

Тој не ја исклучува можноста европското знаменце да се искористи за носење на законското решение за данок на солидарност од кое во Буџетот се очекува да се слеат 70 милиони евра, кое е закочено на матичната собраниската Комисија за финансирање и буџет каде чекаат уште две законски решенија од реформскиот пакет. Иако веќе помина рокот – 31 мај до кога требаше да се поднесат пресметките за солидарниот данок, вели дека рокот може да се коригира со амандмани.

Во одговор на прашање истакна дека нема хакерски напад на трезорот и додаде дека тој функционира беспрекорно и оти сите плаќања се реализираат непречено.

-Трезорот функционира беспрекорно, сите системи функционираат, но се прават понекогаш проверки, а трезорот е безбеден во однос на базата на податоци, рече Бесими.

Објасни дека коментари за хакерски напад произлегуваат од честите хибридни војни кои се водат во 21 век, како што беше случајот со хакерскиот напад на Фондот за здравствено осигурување.

-Некогаш превентивно се тестира целиот систем, имаше случај кога префрлањето на трезорската канцеларија од Скопје со централата имаше репарирање и само тој ден рачно се правеа плаќањата. Но, нема застој, сите плаќања се реализираат и нема простор за шпекулација, потенцира Бесими.

Tags: БесимиЕСМ
Next Post

Со „Волшебникот од Оз“ одбележан Меѓународниот ден на детето

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk