Делови од Јапонија се погодени од тропската бура „Мавар“, а властите советуваа повеќе од милион луѓе да се евакуираат, иако нема извештаи за повредени.
Мавр, што направи хаос на западниот тихоокеански остров Гуам претходно оваа недела, сега е намален на ниво на тропска бура од јачина на супер тајфун.
Властите советуваа скоро 1,3 милиони луѓе ширум Јапонија да се евакуираат, вклучително и најголемиот број во областите на западниот Хоншу, како што е префектурата Вакајама, соопшти Агенцијата за управување со пожари и катастрофи.
Повеќе од 300 летови се откажани денеска, како и 52 фериботи и неколку железнички линии, соопшти јапонското Министерство за транспорт.
Засега нема извештаи за поплави или лизгање на земјиште, но предупредувања за поплави и свлечишта се издадени во западниот дел на земјата, делови од островот Шикоку и Хоншу, со прогноза 350 милиметри дожд на метар квадратен во делови од западен Хоншу за 24 часа до сабота наутро.