ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Годишнина од Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД

June 2, 2023 10:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес одбележуваме една година од Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, што беше одржан на 2-ри јуни 2022 година, во Вашингтон. Дијалогот беше лансиран од страна на министерот за надворешни работи, Бујар Османи и државниот секретар на САД, Антони Блинкен, со што беше отворено ново поглавје во билатералните односи и меѓу двете земји.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и амбасадорката на САД, Анџела Агелер со заедничко видео, ја честитаат годишнината од Стратешкиот дијалог, реафирмирајќи ги заедничките заложби за понатамошното зајакнување на соработката и значајната поддршка за нашиот евроинтегративен процес.

„Како стратешки партнери, ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошно зајакнување на нашиот автентичен модел на функционална мултиетничка демократија, борбата против корупцијата, инвестициите во инфраструктурата, но и интеграцијата на земјава кон ЕУ, што е наш заеднички стратешки интерес.” – истакна Османи на годишнината од одржувањето на дијалогот.

Амбасадорката Агелер реафирмирајќи ја силната поддршка за нашиот евроинтегративен процес, порача “Соединетите Американски Држави отсекогаш биле и секогаш ќе бидат, ваш постојан поддржувач и најголем пријател. Ќе бидеме со вас рамо до рамо додека ги постигнувате вашите цели за безбедност, просперитет и можност во рамки на европската заедница.”

Во рамки на Стратешкиот дијалог, Министерството за надворешни работи како координатор на целокупниот процес, во соработка со надлежните институции подготви Акциски план за реализација на проекти во различни области. Со неговото усвојување на владина седница, сите активности во рамки на дијалогот станаа дел од владината програма за работа. Со цел успешна практична имплементација на донесениот Акциски план, сите министерства, институции и агенции од земјава кои имаат надлежности во неговото спроведување номинираа лица кои ја следат реализацијата на активностите од нивна надлежност и квартално доставуваат информација за нивниот статус и динамика на реализација до Министерството за надворешни работи.

Tags: АгелерМакедонијаОсманиСАДСтратешки дијалог
Next Post

Во Грција згрижени околу 1.800 деца бегалци без придружба

EVN

НАЈНОВО

Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

April 18, 2026
Анаис. Мотив, Крушево

Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

April 18, 2026

Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk