ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДОМ: Малите урбани шуми презентирани на собир на Зелените во Виена

June 2, 2023 11:07
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Делегација на зелената партија ДОМ во состав Маја Морачанин и Христа Најданов, учествуваа на Округла маса на Зелените од Централна и Југоисточна Европа, која се одржа на 31 мај и 1 јуни, во Виена.

На собирот, тие ги презентираа малите урбани шуми засадени во Скопје и Битола, по методот на јапонскиот професор Мијаваки. Ова се први урбани шуми од овој тип на Балканот. Методот на Мијаваки предвидува засадување разни сорти на автохтони дрвја, на мала површина на земја. Овие шуми значително побрзо растат, повеќе го зголемуваат биодиверзитетот и се погусти од шумите засадени на класичен начин.

Малите урбани шуми го подобруваат здравјето и квалитетот на живот на луѓето, ја зголемуваат абсорбцијата на CO2 и ги ублажуваат климатските промени. Тие ги намалуваат: деградацијата на почвата, опасноста од поплави, загадувањето на воздухот и загадувањето од бучава, температурата во градовите, како и ефектот на урбаните топлотни острови.

На панел дискусијата” Зелена акција во Централна и Југоисточна Европа”, Морачанин истакна дека на барање на ДОМ, принципите на Европскиот Зелен договор се внесени во Програмата на Владата, со што се создаде основа за зелена трансформација на македонското општество. Таа потенцираше дека во изминатиот период значително е зголемено производството на струја од обновливи извори на енергија, пред се’ од сонце и ветер.

Изрази задоволство што неодамна Собранието го усвои Законот за задруги кој овозможува граѓаните да се здружуваат и да формираат енергетски задруги. Тоа ќе придонесе за поголемо искористување на сончевата енергија од страна на граѓаните, што позитивно ќе влијае на животната средина и климата, како и на финансиската состојба на домаќинствата.

ДОМ инсистира на развој на енергетската демократија, за граѓаните наместо само потрошувачи да станат и производители на електрична енергија. Така, употребата на сончевата енергија нема да биде само извор за профит на големите компании, туку придобивките ќе ги користат директно граѓаните.

Tags: ВиенаДОММорачанин
Next Post

СДСМ: Мицкоски или ќе ја поддржи македонската иднина во ЕУ или ќе го следи патот на Груевски

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk