Полициски службеници вчера уапсиле скопјанец откако на сограѓанин преку мобилна апликација му упатил гласовни пораки со заканувачка содржина, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во 16:15 часот во Скопје, по преземени мерки и активности од полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје, бил лишен од слобода А.И.(24) од Скопје. Тој бил пријавен околу 13:00 часот од 56-годишен скопјанец дека преку мобилна апликација му упатил гласовни пораки со заканувачка содржина, посочуваат од МВР.
Во соопштението од Министерството наведуваат дека во координација со Јавен обвинител лицето било приведено и задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок, поради основано сомнение дека сторил кривично дело по чл.144 ст.4 од Кривичниот законик