Вицепремиерот Фатмир Битиќи во своја објава на Фејсбук сподели со сограѓаните дека денот за одмор го поминал во создавање убави спомени во адреналинскиот парк во Скопје со својот син Генти, а особено го радува фактот дека овој парк е реализиран во рамки на проектот за „Локална и регионална конкурентност“ со средства на ЕУ и Владата на Северна Македонија.
Ден за одмор од рутината за да поминам квалитетно време со синот Генти во активности на отворено, едно вистинско освежувачко искуство. Прекрасно си поминавме во Андреланскиот парк во Скопје, и посебно се радувам што овој парк реализиран во рамки на проектот за „Локална и регионална конкуретност“ средства на ЕУ и владата на Северна Македонија е полн погодок, бидејќи со неговата понуда, за нашите родители и за нивните најмили создава убави спомени кои ќе траат со години, а Скопје доби една атрактивна дестинација од алтернативниот туризам, напиша Битиќи.
Тој потенцираше дека преку реализираните проекти во туристичките дестинации низ државата значително влијаат врз нашиот локален туризам, но и врз економијата.
Особено ме радува фактот што 57-те проекти во 10 туристички дестинации низ Северна Македонија реализирани преку оваа програма значително влијаат врз нашиот локален туризам, но и врз целокупната економија на Република Северна Македонија преку зголемување на туристичката понуда, и секако нови работни места, стои во објавата на вицепремиерот.
Подготви: Марта Пешевска