ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сдсм да падне, а вмро да зајде!

June 4, 2023 13:23
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Завчера напишав дека македонските патриоти кои се борат против Европа ми личат на Галите кои се тепале со Римјаните.

Единствената разлика е во тоа што Македонците немаат волшебен напиток, така што  Европа има шанси да се спаси.

Таква е општата слика.

Освен тоа, не се сеќавам дека во одбраната на достоинството, територијалниот интегритет и суверенитет на Галија, Галките играле така важна улога каква што Македонките, поточно, некои Македонки, играат во пресудната битка за спас од Европа.

Најголема надеж ми влева левото крило, да не речам левата хемисфера на националната свест: Жаклина, Катерина и Светлана.

Тоа се нашите хериоини.

Едната копа по контејнерот на Урсула и вели дека ги открила сите лаги со кои шефицата на Комисијата ја влечеше и ја влече Македонија за нос, при што драстичната разлика меѓу тоа што го цитира и тоа што го интерпретира само ја покажува храброста и страста на оваа жена да даде се од себе за спас на Татковината, другата ги поздравува сличните анализи и ги детектира сите дефекти на власта, нормално, други во Македонија нема, кои ќе ја држат државата подалеку од Европа и на некој начин ќе ја споделат одговорноста за националниот крах, за толку посакуваното кршење на преговарачката рамка како канализациона цевка низ која, во режија на владата, Софија и Брисел, требаше да истече македонската национална супстанца, а третата е концентрирана на збирката причини за оставка на владата и е загрижена дека во Шпанија може да се случи тоа што ќе се случи во Македонија ако нејзините определби и определбите на нејзиното крилце утре станат стварност. Таа се плаши од ПП и Вокс, и во длабокиот процеп меѓу своите идејни определби и политичките задачи, нема сила да забележи дека ПП и Вокс во Мадрид, во релативна смисла, се разбира, се десничарски болви во однос на селските хиени од вмро-дпмне и линке во нашата слатка Македонија.

Софија се фатила за една краставица со олово, кадмиум и арсен, но тоа не е доволно за да си обезбеди достоинствен статус во ситуацијата.

За дезертерството на Ванковска ќе расправаат специјалниот суд на македонската одбрана.

Сомнителна е и Сузана која баш сега најде да скрши колк. Како некоја руска командоска која со моторна пила си ја сече ногата за да не оди кај Бахмут кај што би ја загубила и другата. Со се рацете и главата. Така што и Русите мораат да бараат замена за овие жени.

Мислам дека Ќулафкова не е ниту со десет проценти вклучена во спасителната операција.

Жената е како каќуша што националната гарда ја користи за отстрел на грлици.

Срамота.

Горан се бори како лав.

Ако Европа наебе ќе наебе од него.

Морално ја уништува.

По неговите напади, моралниот метрополис на Европа е како Бахмут по инвазијата на Пригожин.

Но, како што реков на почетокот, моите симпатии се на страната на трите Орлеанки од почетокот на текстот. Надеж, Вера и Љубов кон Татковината.

Така драстично, а сепак возбудливо ја соблекоа Курвата вавилонска.

И сега и најнеупатениот Македонец може да види дека жената не е ништо посебно. Секој нормален Македонец меѓу Европа односно Урсула, попрво би ја одбрал Весна бејби. Дури и Моника Белучи и онаа Џенер да ги стават во Брисел, изборот повторно би бил од нашата ливада цвеќе.

Биљана наместо Емилијана.

Ратајковски.

Не е сосема јасно дали бараат нова рамка, промени во понудената или се спремни да ја поднесат сегашната рамка ако добијат гаранции.

Бараат гаранции.

Без да кажат дека ако не ги добијат ќе си садат компири на Криволак и ќе чуваат кокошки.

И ќе прават што сакаат како Македонци кои се свои на своето, стар достоинствен народ кој нема да дозволи никој, па ниту Европа да го заебава.

Од иста канта катран се фарбаат и владата во Скопје и владата во Брисел.

Идејната опрема е од студиото на Најчевска.

Демек, сдсм да се бутне, а вмро да не дојде!

Никој не знаеше да каже дали Гвардиола ќе сака да седне на македонската клупа ако Ковачевски и Мицкоски  добијат отказ.

Или Карло Анчелоти.

Верувам дека никој од нив не е за Говното со брада.

Каква врска има тој со националното прашање, со Европа и со фудбалот.

Никаква.

Концентрацијата на активностите е против власта.

На начин на кој за три месеци оваа екипа заедно со медиумите и Кикифрики, би можеле да ја деградираати власта во Норвешка, Литванија, Швајцарија, а за две години и во Индија и Кина.

Дали вмро нема да дојде – не се знае!

Никој не се занимава со идиотот на кого му е оставено да решава „Интеграција или изолација“.

А јас велам: „Изолација или смрт“.

Не ги интересира ниту “културното наследство” на лудакот од Будимпешта, минските полиња што низ институциите ги посеа Груевски.

И кои експлодираат секој миг.

Од Судскиот совет до Универзитетот и целото образование, до медиумите и нивните асоцијации, Собранието и градските управи.

Тие мислат дека војната во Украина и развојот на ситуацијата околу Косово и одат во прилог. Дури и најавите на Лавров за експлозија во центарот на Европа, дека оди во прилог на нивните очекувања дека во паниката што ја зафатила Европа, ќе не примат и небањати.

Хахаха!

Тамам сакав да завршам кога една обожавателка ме потсети на еден мој статус од пред десетина денови:

Една инфантилна нација, создадена како гринфилд инвестиција, значи без институционална, граѓанска, политичка, културна и историска инфраструктура, не може да пропадне во трогателна епика, туку во конфетите на баналноста,  на наивноста, во кичот и радоста на самопретставата.
Која е лажна, се разбира.

Би можело да се сними филм за радоста во смртта и од смртта која домородното население ја смета за врата низ која ќе помине во нова посветла и подостоинствена димензија.

Во волшепството и чудото го бараат тоа што знаат дека никогаш нема да можат да го остварат со својата мрза, злоба и неталентираност.

Тие, всушност, молат за своја зоолошка градина, во која ќе имаат своја територија, ограда која што ќе ги чува од надворешните непријатели, обезбедена храна и вода и бесплатна здравствена заштита.

И ортоми, лулашки, тобогани, тушеви и базени, за забава и хигиена.

Од трагичноста на таа пропаст никој не може да направи добра трагедија.

Можеби ќе се сретнеме на небото, но мене ми треба време да умрам.

Хахаха!


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани. | Извор: FRONTLINE
Next Post
Толпа студенти се пробиваат низ полицискиот кордон пред да се излеат на плоштадот Тијанмен во Пекинг на 4 јуни 1989 година. (Reuters)

Триесет и четири години од масовните протести на плоштадот Тијанмен во Пекинг

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk