ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонски павилјони на Прашко квадриенале 2023

Единаесет уметници од земјава, под кураторство на претходните добитници на Златната Трига, годинава ќе бидат македонски претставници на најголемиот светски настан за перформанс, дизајн и простор

June 5, 2023 13:46
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Добитниците на главната награда „Златна трига“ на претходното издание на Прашкото
квадриенале за перформанс, дизајн и простор, Филип Јовановски и Ивана Васева,
годинава се кураторски тим на изложбата „Градот како сцена“ на Националниот павилјон
на Република Северна Македонија на квадриеналето, кое ќе се одржува од 8 до18 јуни
2023 во Прага, Чешка.


Преку делата на уметниците Алембик (Виктор Танасковски и Ива Дамјановски), Бесфорт
Идризи, Викторија Илиоска и Анастасија Пандиловска, курирани во заедничката изложба
„Градот како сцена“ овој проект го користи градот како текст за препрочитување на
историските настани преку евоцирање на (тектонските) поместувања, судири и
(само)експлоатации во контраст на локалните официјални и неофицијални приказни. Во
Студентскиот павилјон пак, куриран од Кристина Леловац и Филип Јовановски
учествуваат Мартина Пенева, Димитар Милев, Тамара Џерков, Дениз Ајдаревиќ,
Александар Јовановски и Мартина Петреска.

„Претставувањето на РСМ во Прага собра голем тим на учесници/ки и особено сум
среќен и благодарен на довербата која тимот ја вложи изминативе шест месеци во овој
активен и комплексен процес. Добивањето на главната награда Златната Трига на
минатото издание во 2019 година, беше и сеуште е мотив за нас како тим да се обидеме
градот како ресурс („капитал”) да го распределиме и споделиме со пошироката уметничка
заедница и тоа преку национален павилјон и за прв пат студентски павилјон на оваа
голема манифестација“, вели Филип Јовановски, еден од кураторите на националниот
павилјон.

Изведувачката и кореографка Викторија Илиоска, осврнувајќи се на четиримесечната
подготовка на проектот, истакнува дека процесот се одвивал според методологијата на
Јовановски и Васева „читање згради“ – „Секој од нас, Анастасија, Бесфорт, Алембик и јас,
изработивме лично исчитување на таа методологија и изработивме перформативна
инсталација составена од четири дела. Причинува особено задоволство да се работи со
група од заедницата и да се стигне до структура која застапува повеќе форми и
дисциплини. Во мојот дел фокусот го дадов на есенцијалното, нужното, на ресурсот. На
оној што го немаме, но исто така на оној што го имаме, а го експлоатира некој друг.“
Домот на АРМ, Албанскиот театар за деца и младинци во Скопје и Прилепскиот
мермерен комбинат и насилството на звукот создадено во/помеѓу тие места воведуваат
платформа која (повторно) го измислува градот. Градот како сцена има за цел да учи од
градот како ресурс, од трагите на напуштената солидарност и преку ангажман со
локалното население да ја преиспита идејата за тоа како транснационалната
солидарност може повторно да го обликува градот.

Кристина Леловац, актерка, изведувачка и вонредна професорка на ФДУ, која ја има и
улогата на ко-кураторка на студентската изложба, објасни дека покрај истражување на
стручна литература и архиви, се проверуваа изведувачките потенцијали на градот низ
мали перформативни интервенции во јавниот простор, преку кои студентите заедно
дојдоа до 10-те упатства (прототипи) за ретки доживувања на градот како сцена.
„Определбата прототипите да бидат универзални – едноставни, лесно достапни за секој/а
да може да ги „испроба“ во секое време во секој град, како и грижата секое искуство
задолжително да не’ потсети на заборавените (некои за жал и загубени) вредности на
зедничкото живеење и да не’ поттикне одново да ги воспоставиме и негуваме, е клучното
обележје и најдрагоцена вредност на овој проект на студентите од Архитектонскиот
факултет и Факултетот за драмски уметности во Скопје, со кои имавме среќа да го
споделиме овој процес на заедничко откривање, учење и создавање.“- вели Леловац.
Прашкото квадриенале е основано во 1967 и годинава, со цел да да го донесе на едно
место најдоброто од перформансот, сценографијата и театарската архитектура, а
годинава го има своето петнаесетто издание. Македонскиот национален павилјон и
студентскиот павилјон го организира Здружението за уметност и култура „Факултет за
работи што не се учат-ФРУ“, во партнерство со Младинскиот културен центар,
Меѓународниот театарски фестивал МОТ, Факултетот за драмски уметности и
Архитектонскиот факултет од Скопје.

„Јас лично, но и како претставник на Факултетот за драмски уметности Скопје, сум среќен
и горд што наши студенти учествуваат и ја претставуваат нашата земја на Прашкото
Квадриенале. Притоа ме радува и фактот што нив ги предводи тимот кој на минатата
едиција ја освои главната награда, што ми дава дополнителна сигурност дека работата
на нашите студенти ќе биде забележана. Затоа и сакам да ја искажам мојата
благодарност до ФРУ и Архитектонски факултет за соработката, како и до Ректоратот за
поддршката да се оствари ова прво наше учество на студентската програма на Прашкото
Квадриенале.- изјави Бесфорт Идризи, декан на ФДУ и учесник во изложбата „Градот како
сцена“ со кој годинава Северна Македонија ќе се претстави на најголемиот светски
настан од овој вид.
Националниот павилјон на ПК2023 се организира со поддршка на Министерството за
култура, Факултетот за драмски уметности – универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје и
проектот Активен ГРА(Д)/ѓани, финансиран од Европската унија.

Преземено: Трн.мк

Tags: Македонски павилјониПрагаПрашко квадриенале 2023
Next Post

Радев го потпиша указот со предлог за избор на Николај Денков за премиер на Бугарија

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk