Во Државно училиште за физичка култура „Методи Митевски – Брицо“ во Скопје денеска избувна пожар, кој бил успшено изгаснат и не предизвикал поголеми штети.
– Имаше зачадување во просторот. На терен беа испратени 11 пожарникари, односно три противпожарни возила чисто превентивно, но пожарот не беше голем и брзо беше изгаснат, изјави командирот на Противпожарна бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томески.
Причината за предизвиканиот пожар ќе биде дополнително утврдена.