ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Народна банка: Продолжува Проектот за финансиска писменост со ИНФЕ-ОЕЦД, Министерство за финансии на Холандија и Money Wise

June 7, 2023 10:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжува јакнењето на капацитетите на Народната банка и финансиските регулатори (Министерство за финансии, Комисија за хартии од вредност, Агенција за супервизија на осигурувањето и Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување) во полето на финансиска едукација, преку соработка со еминентни финансиски институции. Започнува втората фаза на Проектот за финансиска писменост на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и нејзината Меѓународна мрежа за финансиска едукација (ИНФЕ), спроведен со финансиска поддршка на Министерството за финансии на Холандија и неговата Money Wise платформа[1] којашто ќе се одвива во следниот петгодишен период, од 2023-2027 година. Главниот приоритет на втората фаза е да ги поддржи земјите да го подобрат нивото на финансиска писменост на нивното население преку поддршка при утврдувањето и имплементацијата на домашните стратегии и политики за финансиска писменост, со нудење изработка на анализи, извештаи и препораки за градење капацитети приспособени на соодветните институционални потреби и стратешките приоритети.

Со проектот, покрај нашата земја, ќе бидат опфатени и Ерменија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Романија и Украина. Преку проектните активности ќе се обезбеди можност за пристап до експертиза од регионот и пошироко за актуелни прашања од областа на финансиската писменост и ќе се покренат ефикасни иницијативи за финансиска едукација кои произлегуваат од најдобрите меѓународни практики и искуство.

Во рамки на првата фаза на Проектот (2018-2021 година), од страна на Народната банка, а во соработка со останатите финансиски регулатори, беше изработена првата Национална стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија (за 2021-2025 година). Беше изработен и Кодекс на добри практики за финансиска едукација, како и Рамка на основните компетенции за финансиска едукација. Воедно, воспоставена е мрежа на субјекти од приватниот и граѓанскиот сектор, вклучени во областа на финансиска едукација и инклузија. Во рамки на првата фаза, меѓу другото, од страна на ИНФЕ-ОЕЦД беа собрани податоци за нивото на финансиска писменост на возрасното население, а беше спроведена и анкета за финансиската писменост на микро, мали и средни претпријатија. Овие мерења создадоа основа за натамошни активности во областа на финансиската писменост, кои ќе продолжат и во втората фаза од проектот.

[1] Money Wise е платформа за финансиска едукација на населението и соработка со сите засегнати субјекти во оваа област, создадена од холандското Министерство за финансии на Холандија.

Tags: Народна банкаФинансиска писменост
Next Post

Во Атина денес ќе биде запален олимпискиот оган за Специјалната Олимпијада во Берлин

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk