ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Системот за социјална заштита обезбедува поддршка за бездомните лица

June 8, 2023 13:19
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на научно-стручната расправа за научно-истражувачката студија која ја изготви истражувачки тим во рамки на проектот „Патеки на бездомните лица: пред и за време на бездомништвото”. Научно-стручната расправа е во организација на Факултетот за безбедност – Скопје.

„Појавата на бездомништвото во Република Северна Македонија е присутна веќе подолго време. Застапена е во урбаните средини и е карактеристична за популацијата од сите возрасни и етнички заедници, како што покажува и вашето научно истражување поврзано со бездомништвото. Без оглед на причините кои ги довеле до состојба да немаат дом, за сите нив заедничко е тоа што немаат услови за адекватно и соодветно домување, немаат сопствени извори на приходи, со кои би си овозможиле минимум егзистенција, делумно или целосно ги имаат прекинато врските со семејната и социјалната средина и живеејќи како бездомници, изложени се на бројни ризици по сопственото здравје и живот ” истакна Тренчевска во своето обраќање.

Министерката рече дека бездомништвото е комплексен проблем кој бара пристап од повеќе аспекти. Таа посочи дека останува потребата од поголема вклученост и координација на сите сектори во насока на надминување на проблемите со кои се соочува оваа категорија на лица.

„Системот на социјалната заштита обезбедува поддршка за бездомните лица преку обезбедување на потребната документација за остварување на парични права од социјална заштита, како и привремено сместување во Центар за бездомни лица, меѓутоа секако дека тие мерки не се доволни за излегување во пресрет на проблемите со кои се соочуваат бездомните лица” рече Тренчевска.

Таа посочи дека и проактивноста на општините е од особена важност затоа што на тој начин социјалните услуги можат да се доближат до граѓаните на локално ниво.

Министерката се осврна и на социјалните претпријатија и истакна дека министерството е во процес на изготвување на Закон за социјалните претпријатија, во кој учество имаат сите релевантни институции и граѓански сектор таа посочи дека во овој предлог закон се препознаваат и социјални претпријатија за социјална реинтеграција и работно ангажирање.

„Преку Законот за социјални претпријатија ќе се започне со активности насочени кон подобрување или стекнување на нови квалификации, компетенции, знаења и вештини на лицата во ризик од социјална исклученост, преку обука и работа, со цел полесен пристап до пазарот на труд, работејќи на полето на социјално работно ангажирање и социјални претпријатија за работна интеграција чија примарна цел е со вклучување во работен процес да ги интегрираат лицата во ризик од социјална исклученост на пазарот на трудот” дополни Тренчевска.

Министерката на крајот од своето обраќање истакна дека заложбите за унапредување на животот на лицата бездомници и понатаму продолжува.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МТСПТренчевска

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk