Сашко Јовев за МИА потврди дека вчера го потпишал решението со кое министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши од директорската функција на Клиниката за кардиохирургија.
Тој посочува дека неговиот правен тим од утре ќе одлучи дали и кога решението ќе биде обжалено.
Кардиохирургот беше разрешен од директорската функција од страна Меџити, поради како што тврдеше министерот утврдени злоупотреби со дежурства и евиденција. Установата со која раководеше Јовев засега е без медицински менаџер.
Јовев во вчерашното гостување на телевизија Сител рече дека засега останува на кардиохирургија иако, како што посочи, веќе имал понуди од странство.