Бизнисот се прилагодува да не увезува странска работна сила, вели претседателот на Стопанската комора на Република Северна Македонија, Бранко Азески, кој одговараше на прашање како во моментов бизнис секторот ќе се снајде со млада работна сила, а особено во овој период кога младите и работници заминуваат на сезонска работа во Хрватска, Словенија или други земји. Азески посочува дека ќе биде наивно да каже дека бизнисмените не ја придвиделе ваквата ситуација.
Еден од механизмите за задржување на работниците и младите е и зголемување на платите.
-Мислам дека се ќе зависи понатаму во понатамошниот тек од степенот на стандардот, којшто ќе го диктира и ќе биде во државата. Затоа што пак тоа ќе го определува враќањето на таа работна сила, којашто привремено излегува од државата. На пазарот ќе има одредена варијација на цената на таа работна сила. Тоа значи дека ќе бидат пазарни механизми, вели Азески.
Забележува дека и ден денес се издаваат дозволи за странски работници, но и Азески посочува дека станува збор за многу сложена процедура. Стопанската комора има разговорано со министерствата за надворешни и врнатрешни работи, потоа со Министерството за труд и социјална политика за овој процес, како што вели, да се стави под контрола.