ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Голем раст на поддршката за „Отворен Балкан“ во С. Македонија

June 12, 2023 08:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА/Архива

Фото: МИА/Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Речиси две третини од граѓаните на Северна Македонија позитивно гледаат на иницијативата „Отворен Балкан“, во која нивната земја е заедно со Србија и Албанија, покажува објавеното истражување на Институтот за политички истражувања од Скопје.

Според тоа истражување, објавено во програмата „Детектор“ на телевизија „Сител“, 63,3 отсто од анкетираните граѓани на Северна Македонија имаат позитивен став кон „Отворениот Балкан“, а 15,9 отсто имаат негативен став.

Кога гледаме етнички, Македонците и Албанците имаат речиси идентичен став, така што 62 отсто од етничките Македонци и 67 отсто од етничките Албанци гледаат позитивно на „Отворениот Балкан“.

Дека довербата во „Отворениот Балкан“ е во пораст, покажува споредбата со анкетата спроведена за таа емисија во 2020 година, кога таа регионална иницијатива (тогаш наречена „Мини Шенген“) била позитивно оценета од 42,2 отсто од македонските граѓани, а негативно за 39 ,9 отсто.

На иницијативата најпозитивно гледаат оние помлади од 30 години, од кои 70,9 отсто позитивно гледаат на „Отворен Балкан“, додека кај оние над 60 години овој процент паѓа на 57,3 отсто.

Според истото истражување, Северна Македонија има најдобри односи со Србија, а најлоши со Бугарија.

56,5 отсто од граѓаните сметаат дека Северна Македонија има најдобри односи со Србија, втора е Албанија со 11,3 отсто, трета Турција со 3,3 отсто, а Косово е некаде таму.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај на репрезентативен примерок од 1.112 испитаници.

Tags: Отворен Балканподдршка
Next Post

САД одлучија да се вратат во УНЕСКО, шест години по напуштањето на организацијата

НАЈНОВО

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk