ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Возбудливи приказни зад музиката“: Џијан Емин во друштво со лауератите Кејв и Сакамото на 9. издание на „Скопје Синема Сити“

Филмови за Леонард Коен, Френк Запа и музичката група „Леб и Сол“; изложба на фотографии од Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл.

June 12, 2023 12:19
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Под мотото „Приказните зад музиката“ во Кинотеката на С. Македонија, викендов (17 и 18 јуни), ќе биде одржано 9. издание на Скопје Синема Сити, единствениот филмски фестивал кај нас, посветен на музичките документарни филмови. Фестивалот. кој по деветти пат и оддава почит на синергијата меѓу музиката и филмот, годинава во својата програма вклучува изложба и три исклучителни документарни филмови посветени на творештвото на едни од највлијателни фигури во историјата на музиката, неповторливите Леонард Коен и Френк Запа како и за нашата антологиска музичка група „Леб и сол“.

Фестивалот ќе биде отворен во сабота (17 јуни) во 19 часот во фоајето на Кинотеката со групна изложба на музички фотографии насловена „5х10“. Имено, станува збор за избор од по 5 фотографии на 5 истакнати македонски фотографи кој посветено повеќе од две децении фотографирале на концерти и музички фестивали. Публиката ќе има можност да види фотографии на Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл.

По изложбата во 20 часот, следува проекцијата на види „Алелуја: Леонард Коен, патешествие, песната“ (2002) , филм создаден за песната на Леонард Коен која од отфрлен албум во 80-тите, по чудни околности, ќе стане една од најизведуваните песни на сите времиња. Ова е приказната за животот на песната „Hallelujah“ и сите музичари кои ја изведувале, од Коен до Џеф Бакли.

Следниот ден на 18 јуни ( недела) ќе следат филмот за „Леб и сол“ насловен како „Вкусот на успехот“ и филмот за Френк Запа, „Изеди го прашањето: Запа со свои зборови“.

Фестивалот кој традиционално доделува Награда за животно дело за успеси на полето на филмот и музиката, годинава ќе му ја додели на Џијан Емин, за неговите достигнувања во светот на филмската музика. Претходни лауреати во изминатите години, меѓу останатите, беа Руичи Сакамото, New Order, Ник Кејв.

Визуелното решение за 9. Издание е дело на Даница Орцева, студент на Brainster.

Фестивалот „Скопје Синема Сити“ е во организација на здружението Номад-Арт Скопје и е помогнато од Општина Карпош, од Министерството за култура на Р С. Македонија и од Кинотека на С. Македонија.

Tags: „Скопје Синема Сити“Емин Џијан
Next Post
Фото: Укринформ

Украинските бранители го ослободија селото Новодаривка, во регионот Запорижјa

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk