СВР Битола до Основното јавно обивнителство Битола, поднесе кривична пријава против Д.Т.(58) од Демир Хисар поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Како што соопштија денеска од МВР, пријавениот Д.Т., во својство на заменик командир на Шумска полиција во Демир Хисар, во два наврати постапил спротивно на неговите овластувања.
– Имено, во село Смилево и село Прибилци биле затекнати две лица како со возила превезуваат огревно дрво без документација, но пријавениот, иако бил должен, не поднел барања за поведување прекршочна постапка против лицата, а наредниот ден им ги враќал возилата, се појаснува во соопштението од МВР.