Полициски службеници од СВР Велес вчера го лишиле од слобода С.Т.(27) од Велес, кој се сомничи дека во текот на денот од три продажни објекти во Велес одзел повеќе предмети.
Од МВР денеска информираа дека дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицето било задржано во Полициската станица Велес.
По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.