ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Фестивалот АКТО за првпат во Софија

June 14, 2023 12:24
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Се отвора 18 АКТО фестивал за современи уметности во Софија со групната изложба на 18 дела од 20 македонски уметници ПРЕКАРИЈАТОТ ИМА ШАНСА – Јавни простори во движење (кон)

Продуцирано од Факултетот за работи што не се научат – ФРУ во партнерство со Галерија Структура во рамките на АКТО 18 фестивал за современи уметности и 20 години награда ДЕНЕС. Поддржано од Trust For Mutual Understanding (TMU), Њујорк

ПРЕКАРНОТО ИМА ШАНСА – Јавни простори во движење (кон) е изложба која опфаќа различни уметнички потфати кои повторно ја бараат и редефинираат јавната сфера и јавниот простор преку креирање тактики за нејзино освојување и пристап за прекаризираните и замолчените. Тоа се случува или преку директна и индиректна процесна релационалност со идеја за повторно присвојување и враќање на јавниот простор на неговите „сопственици“ или преку легитимирање на симболичен јавен простор каде што може да се замислат и обликуваат други потенцијали. Сите тие замислуваат ослободен простор, дури и привремено, за оспорување на постоечките наративи преку соработка во засилувањето на гласот на игнорираните, запоставените, замолчените, незапаметените, испуштените, маргинализираните во рамките на постоечката хегемонија… Овие уметнички практики можат повторно да создадат јавен простор преку борбите за правата и во тесна врска со социјалните движења или дури и да ги стимулираат во моменти кога се чини дека се слаби.

Од друга страна, оваа изложба истовремено зборува и за самите материјални услови на иницијаторите на овие процеси – уметници и културни работници кои живеат во несигурни околности со политичка, но без економска сила и без никаква или соодветна инфраструктура. Нивниот несигурен статус им нуди флексибилност, агилност и невидена критичност кога работат колективно, постојано се подготвени да преговараат и предизвикуваат тешкотии, посветени на нивната цел, иако во неизвесна економска и финансиска положба. Тие се тука и се справуваат со различни кризи со радикални имагинативни предлози, но често зависни од случајноста и често користејќи случајни постапки за дополнително да ги истражат нивните намери.

Овој избор обединува различни гласови кои изразија незадоволство и пркос против супресивните механизми и геометрии на моќ и исклучување, и бараат видливост и моќ да ги трансформираат спроведените политики. Тие понекогаш се индиректно релациони, а понекогаш колаборативни но доколку се извршуваат и артикулираат истовремено, претставуваат можност за формирање микро јавни простори во движење на имагинарна (уметничка) заедница која повторно би го воспоставила јавното.

Повеќе за АКТО фестивалот

Во рамки на 18-тото издание на АКТО фестивалот следуваат повеќе настани во текот на годината, кои ќе се случуваат на различни локации. Односно од 2021 година, неколкудневниот фестивал АКТО се трансформира во неколкумесечна фестивалска платформа со специфична истражувачка тематика. Идејата на АКТО е да прерасне од активна сцена на презентација во фестивалска платформа за продукција и едукација во областа на современата уметност преку уметнички истражувачки практики. АКТО го гради својот фестивал како дијалектички перформанс преку годишно темелно истражување на актуелни теми, заборавени простори на културното наследство, продукција на нови дела со интернационални гости, но и силна едукативна компонента која создава место за размена и заедничко создавање. Тој го менува форматот, преиспитан и од замката на фестивализацијата и се свртува кон истражувачки уметнички практики на нови и поинакви простори кои имаат длабоко значење за општеството.Тргнувајќи од тоа дека АКТО е резултат на еден факултет на кој не се учи, туку се создава работејќи, постојано тестирајќи ги лимитите на своите капацитети во таа желба и љубопитност, АКТО овој пат својот „факултет“ го ресоздава во и со образовните институции и институции за презентација на уметноста.

АКТО фестивалот за современи уметности е еден од ретките вонинституционални фестивали во земјава со долг континуитет на одржување. Односно, наспроти традицијата на градските или државните фестивали, кои најчесто имаат ревијален карактер, АКТО е речиси единствениот фестивал кој од позиција на вонинституционален сектор, 17 години по ред, со 20 изминати изданија во осум градови низ земјава, создава активно поле на колективност и преку продукција и презентација на современа уметност се конфронтира со сите премрежиња што се случуваат во земјава.

– Одлучивме 18-тото издание на АКТО фестивалот да го стартуваме не од Битола, каде тоа го правевме 15 години или од Скопје како што беше карактеристично изминативе две години, туку од Софија и да претставиме 18 уметници пред софиската сцена. Соработката помеѓу овие два контексти била поинтензивна во 90-тите години но за жал постои временски период кога овие контакти не се толку често практикувани. Иако има поединечни појави, сепак оваа изложба на едно место претставува дел од активната сцена во земјава преку темата на исчезнувањето на јавниот простор а со тоа и јавниот говор како и уметничките поединечни рецентни заложби преку кои се обидуваат повторно да го освојат и заедно да создадат пристап за прекаризираните и замолчените. Би сакала навистина да и се заблагодарам на Марија Василева, директорка на галеријата Структура за оваа поканаИвана Васева, кураторка на изложбата и ко-кураторка на АКТО 18.

Уметници: Елена Чемерска, Искра Димитрова, Христина Иваноска, Славица Јанешлиева, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски, Верица Ковачевска, Шќипе Мехмети, Оливер Мусовиќ, Наташа Неделкова, Доротеј Нешовски, ОПА (Опсесивна посесивна агресија), Александра Петрушевска Ристовска, Нада Прља, Дита Старова Ќерими, Никола Узуновски, Драгана Заревска и Ѓорѓи Десподов, Велимир Жерновски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АКТОСофијафестивал

НАЈНОВО

Фото: Ви

Трагикомедија и цинизам: Додека ги ракетита украинските цивили, Русија ги осудува американските напади врз Иран како „кршење на меѓународното право“

June 23, 2025
Фото: Фејсбук профил Македонско еколошко друштво

Мониторинг на змии на островот Голем Град: Намалена е популацијата на рибарки

June 23, 2025

Вучиќ: Армијата е речиси целосна екипирана, одлучено е да се продолжи со концептот на дигитална армија

June 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот од политичари во Брисел кои сакаа да го нанесат врз македонскиот идентитет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk