Илјадници луѓе вчера протестираа во Богота и другите големи колумбиски градови поради најавените реформи на левичарската Влада на претседателот Густав Петро.
Протестите се во организација на десничарската опозиција. Најголем број од демонстрантите беа облечени во бело и извикуваа пароли против првата левичарска Влада во историјата на Колумбија.
Петро, кој е на власт од август минатата година, беше избран врз основа на ветувањето за „промени“. Тој се обиде да усвои и спроведе многу реформи, вклучително и во сферата на здравството, трудот и пензиите, прераспределба на земјиштето и за чиста енергијата. Петро учествуваше и во голем број разговори со вооружени групи кои дејствуваат во Колумбија.
Но, по распадот на коалицијата со либералите и центристите, Петро нема мнозинство за усвојување на реформите во Парламентот. Неговиот рејтинг бележи пад, така тој во ноември имаше поддршка од 50 отсто, а во мај 34 проценти.