Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш вчера го лишиле од слобода 47-годишниот радовишанец М.К., откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Како што соопшти МВР, тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.