ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Усогласувањето на националното законодавство е важно за понатамошно втемелување на принципите на еднаквост и недискриминација во општеството

June 21, 2023 14:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир и Народниот правобранител, Насер Зибери присуствуваа на завршниот настан насловен „Ситуација и практики за справување со случаи на дискриминација – резултати и насоки за понатаму” како дел од ИПА проектот „ЕУ за човекови права: Воведување на концептите на не-дискриминација во законодавството”.

На настанот беше во организација на Делегацијата на Европската Унија и Министерството за труд и социјална политика се дискутираше за состојбите и практиките за справување во случаите на недискриминација и беа презентирани активностите кои ги спроведуваше проектот со акцент на клучните резултати.

„Република Северна Македонија во континуитет посветено ги спроведува обврските преземени со пристапување и ратификација кон меѓународните конвенции и договори во областа на човековите права и слободи, кои се и составен дел од правниот поредок на нашата држава, особено во однос на воведување на начелата на еднаквост и недискриминација” истакна Тренчевска во своето обраќање.

Таа во своето обраќање ја истакна законската рамка која придонесува во борбата против дискриминацијата. Министерката го посочи Законот за спречување и заштита од дискриминација, Законот за работни односи и Законот за вознемирување на работно место како клучни за надминување на предизвикот.

Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир се осврна на работата и поддршката на Европската Унија за државата.

„Проектот што го одбележуваме денес е само една од многуте иницијативи на ЕУ за зајакнување на домашните закони за спречување и заштита од дискриминација. Тоа доаѓа паралелно со различни активности и грантови што ги обезбедуваме на граѓанските организации – за да помогнеме во подигнувањето на јавната свест за принципите на недискриминација и како да се применат во пракса” рече амбасадорот Гир.
Тој истакна дека делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија секогаш е подготвена за да ја овозможи потребната експертиза за државата, но и дека исто така се очекува од државата и институциите да посветено да работат во унапредување на критичните области во државата.

„Институцијата Народен правобранител повеќе од 20 години има надлежност да ја следи имплементацијата на начелото на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите на државната власт, органите на единиците на локалната самоуправа и јавните установи и служби, инструмент кој треба да помогне во создавањето на баланс во општеството, пред се во делот на вработување на сите заедници во администрацијата,” истакна народниот правобранител, Насер Зибери.

Тој изрази задоволство што Република Северна Македонија на ова поле оди напред, ги следи трендовите и успева да ја усогласи својата регулатива со сите меѓународни документи и директиви на Европската Унија.

Tags: МТСПсоцијална политикаТренчевска
Next Post

Правилниот одговор на руската агресија

НАЈНОВО

Фото илустрација: EWB

Европа зборува, Македонија стои

November 4, 2025

Хаос на американските аеродроми: Над 3,2 милиони патници погодени од доцнење по затворањето на владата

November 4, 2025
Фото: Амбасада на Јапонија

Јапонската култура во Македонија: Почнуваат Деновите на филм и анимација во Скопје и Битола

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk