Манифестацијата CRUISE CULT – The Art of the motorcycle 2023 vol.2 ќе се оддржи во сабота 24.06.2023 год., во период од 12.00 ч. – 17.00 ч. во Парк на Франкофонија и Мобилна/Монтажна галерија, Скопје.
Идејата на оваа манифестација е да се претстави уметноста на мотоциклистичката култура, како и да се претстави влијанието на мотoциклите врз културниот живот на луѓето во Македонија и регионот.
Главен акцент на оваа манифестација е спојувањето на уметноста и мото-културата односно на широката публика сакаме да и ја претставиме уметноста искажана преку мотоциклите и нивната индивидуална нота вметната од самите сопственици.
Манифестацијата е поддржана од Министерство за култура на РМ, Општина Центар и Центар за современи уметности – Скопје.