Соочена со закани од генерален штрајк кој реално може да предизвика колапс на економското работење, директорката на УЈП Соња Лукаревска во интервју за „Локално“, изразува верба дека сепак ќе се најде заедничко прифатливо решение.
Ситуацијата во којашто е таа сепак е далеку од розова.
„Воопшто не е пријатно да се раководи со институција во која вработените искажуваат незадоволство особено што и јас пред да станам директор на УЈП, дојдов баш од редот на вработените и заеднички се залагавме за подобри права на вработените“, вели Лукаревска.
Посочува дека уште од почетокот е вклучена во процесот на договарање за склучување на нов Колективен договор на УЈП , изодувајќи ги сите чекори заедно со претставниците на репрезентативниот синдикат на УЈП, па во оваа насока нејзината подршка продолжува.
Според неа, институцијата до овој момент не се соочува со позначителни проблеми и реакции од страна на даночните обврзници. Во пракса тоа значи дека, јавноста е запознаена со периодот и времетраењето на прекинот на работа во кој не можат да ги добијат потребните услуги.
Сепак, вели Лукаревска, веќе се чувствува нивната загриженоста за најавениот генерален штрајк од страна на Синдикатот на УЈП што би значело целосен прекин на работењето во УЈП.
Во однос на сугестијата на премиерот Ковачевски директорите на УЈП и Царина да изнајдат модел за проверка на имотна состојба на вработените, директорката Лукаревска вели: „Сметам дека вработените не би имале против и би ја поддржале оваа иницијатива. Управата за Јавни приходи има законска надлежност да води посебна постапка за имот на физички лица чие потекло не може да се докаже, од која не се изземени и вработените во Управата за јавни приходи“.
Целото интервју на следниот линк!