Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија со „Медал за заслуги“ ќе ги одликува Лазар Лечиќ, постхумно Благоја Георгиевски Буштур, Владимир Богоевски, Насе Насев и Борче Костовски.
Одликувањето, како што информираат од Кабинетот на претседателот, се доделува на истакнати спортисти, великани и легенди кои оставиле траен белег на спортските терени и дале огромен придонес за афирмација на македонскиот спорт и држава.