ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски одликува петмина спортски великани со „Медал за заслуги“

June 23, 2023 11:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на државата Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија во претседателскиот кабинет одликува со „Медал за заслуги за Република Северна Македонија“ петмина доајени кои оставија траен белег на спортските терени и дадоа огромен придонес за афирмација на македонскиот спорт и држава.

Со „Медал за заслуги“ се одликувани великаните на македонската кошарка Лазар Лечиќ (84) и постхумно Благоја Георгиевски Буштур, кој загина во сообраќајна несреќа во 2020 на 69 годишна возраст, како и одбојкарската легенда Владимир Богоевски (69), долгогодишниот селектор на македонската репрезентација во борење слободен стил Насе Насев (70) и актуелниот претседател на Македонската Таекводно федерација и селектор на националниот тим Борче Костовски.

– Иако сме мала нација како број, можеме да бидеме горди на нашите врвни спортисти, кои во индивидуалните и колективните спортови остваруваа и остваруваат врвни резултати. Претходно веќе имав можност на дел од нашите освојувачи на највредни олимписки медали да им доделам највисоки државни признанија. Денес, уште пет наши спортисти, спортски работници, тренери и селектори, кои стојат за успесите на спортистите, ќе добијат „Медал за заслуги“, рече Пендаровски во своето обраќање.

Осврнувајќи се на придонесите на секој од петмината македонски спортски великани поединечно, Пендаровски истакна дека Лечиќ е едно од најзначајните имиња за развојот на македонската кошарка.

– Со својата енергија и знаење за кошарката, а особено со својата препознатлива харизма, Лечиќ остави траен белег во македонскиот спорт, рече шефот на државата.

Нарекувајќи од поранешниот кошаркар на Работнички и македонски селектор Благоја Георгиевски, вонсериски талент, Пендаровски потсети дека Буштур ги достигна највисоките височини, освојувајќи медали на најголемите натпреварувања.

Навраќајќи се на големите успеси во минатото на македонската одбојка, претседателот Пендаровски истакна дека како нација сме среќни што имаме играч од светска класа и успешен тренер во името на Владимир Богоевски.

– Нашиот најуспешен спорт е борењето во слободен стил, рече Пендаровски, додавајќи дека „зад најголемите успеси, вклучувајќи го и првиот олимписки медал на македонски спортист, стои легендарниот селектор Насе Насев.

Потсетувајќи на успехот на таеквондистот Дејан Георгиевски на Олимписките игри во Токио, македонскиот претседател ја нагласи улогата на селекторот Борче Костовски.

– Среброто на Георгиевски во Токио ја сплоти нацијата и ги израдува граѓаните, а најзаслужен за овој успех е тренерот Костовски, посочи македонскиот претседател Пендаровски на свечената церемонија на доделувањето „Медал за заслуги“ на македонските спортски великани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Медал за заслуги“Пендаровскиспортисти
Next Post

Приведени три лица од Пласница, превезувале огревни дрва без документација

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk