ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Премостување на поделбите, градење доверба“ – слоган на македонското претседавање со ПСЈИЕ

June 27, 2023 12:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Слоганот „Премостување на поделбите, градење доверба“ ќе биде водечка тема на македонското претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) што почнува на 1 јули. Посебен фокус ќе биде ставен на омирувањето, регионалната соработка и забрзувањето на евроатлантските интеграции, истакна претседателот Стево Пендаровски на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на ПСЈИЕ во Подгорица.

Како што информира кабинетот на Пендаровски, тој во своето обраќање изрази благодарност до Црна Гора за направените напори изминатата година за време на нивното претседавање со ПСЈИЕ и ги најави приоритетите на македонското претседавање со оваа иницијатива.

Пендаровски истакна дека како претседавачи ќе се водиме од принципите наведени во основачките документи кои се од 1996 година, односно добрососедските односи, стабилноста, безбедноста, соработката во ЈИЕ и интеграцијата во евроатлантската заедница на слободни и демократски народи. Тој посочи дека овие принципи се исто толку релевантни и денес, како што биле пред две децении и потсети дека оттогаш бил постигнат значителен напредок во однос на политичката и економската соработка, како што е потврдено со спроведувањето на Стратегијата ЈИЕ 2030 и воспоставувањето на Заедничкиот регионален пазар.

Пендаровски, нотирајќи ги етничките тензии во регионот, кои лесно се искористуваат од надворешни актери, како и падот на евроентузијазмот, порача дека од суштинско значење е да вложиме максимални напори за да се спротивставиме на овие тенденции преку дијалог и барање заемно прифатливи решенија со разбирање и почитување еден кон друг.

Тој нагласи дека Северна Македонија посветено го следи овој пат, како што покажаа Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Република Бугарија и одобрувањето на преговарачката рамка на ЕУ минатиот јули, што ни овозможи да ги отвориме пристапните преговори.

Во контекст на руската агресија против Украина, Пендаровски ја нагласи итноста за интегрирање на регионот на Западен Балкан во ЕУ и притоа изрази очекување за поддршка од страна на земјите членки на ЕУ за обезбедување опипливи придобивки, вклучително и пристап до фондовите на ЕУ во соодветните области во текот на целиот процес, не чекајќи го неговото завршување.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство од неодамнешната објава на претседателот на Европската Комисија за новиот План за раст за Западен Балкан, за кој рече дека е целосно во согласност со нашето барање да се добие одредена предност од членството во ЕУ, пред формалното членство.

Шефот на државата во своето обраќање посочи дека и подобрувањето на енергетската безбедност во ЈИЕ, изградбата на трансевропските транспортни коридори и промовирањето на културните размени, исто така, ќе се рангираат високо на нашата листа на приоритети, за кои изрази уверување дека ќе им служат на пошироките напори на нашата платформа и ќе го одржат просперитетот на целиот регион.

Претседателот Пендаровски денеска во 13:00 часот ќе одржи заедничка прес- конференција со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, во својство на претседатели на земјите кои се актуелен и следен претседавач со ПСЈИЕ. 

Tags: ПендаровскиПСЈИЕ
Next Post

Костадиновска-Стојчевска од Стразбур: Културата не е семоќна, но е силна порака за живот без предрасуди, без расизам и без дискриминација

НАЈНОВО

Таткото на Вирц: Флоријан не жали што дојде во Ливерпул – сè оди според планот

November 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Биткоин повторно под 90.000 долари – криптопазарот изгуби 1,2 трилиони за шест недели

November 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Влезниците за СП 2026 година нема да гарантираат визи за влез во САД

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk