ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Ресен се промовираа два проекти финансирани од Европската Унија за развој на задругите

June 29, 2023 14:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, во Ресен, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со амбсадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир, во присуство на повеќе задругари, учествуваа на настан на кој беа промовирани двата нови проекти за развој на задругите кои се имплементираат со финансиска поддршка на Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

„Денеска сме присутни на промоција на два многу значајни проекти кои повторно се со финансиска поддршка на Европската Унија, од над 1 милион евра, наменети за развој на земјоделскиот сектор и насочени кон задругите, малите производители, руралните жени и младите земјоделци” потенцираше министерот Николовски заблагодарувајќи се на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија за целокупната поддршка која ја дава на земјоделскиот сектор.

Проектот „Зајакнување на управувањето на земјоделските задруги за подобрување на конкурентноста во земјоделскиот сектор” има за цел да придонесе да се надмине нискиот производствен капацитет на земјоделците и земјоделските задруги, да се достигне ниво на стандардизиран квалитет на земјоделските производи, со крајна цел подобрување на животот во руралните области. Овој проект ќе придонесе за подобрување на конкурентноста на земјоделските задруги, преку зајакнатото учество на младите и жените во развојот на земјоделството, кои ќе резултираат со нови земјоделски задруги или зголемен број на земјоделци членки на постоечките задруги. Проектниот конзорциум го сочинуваат Македонската асоцијација на земјоделски задруги и Здружение за бизниси и консултанти – Креација.

Проектот „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство” има за цел да придонесе кон рамномерен регионален развој, модернизација и зголемување на одржливоста во земјоделскиот сектор, преку финансиска и техничка поддршка во Североисточниот, Полошкиот, Југозападниот и Преспанскиот регион. Со проектот се очекува да се поддржат иновативни инвестициски проекти од областа на смарт земјоделството. Проектот е финансиран од Европската унија, а го спроведува Македонската развојна фондација за претпријатија во партнерство со Хемера ДООЕЛ и ЦЕП Можности.

„Можам да заклучам дека двата проекта опфаќаат два клучни моменти, поддршка на задругарството и поддршка на смарт земјоделство. Главни корисници на двата проекта се задругите, но крајно ефектите ќе бидат видливи и за целокупното земјоделство во државава. Двата проекта имаат иста цел –модернизација. Ова е голема поддршка за македонското земјоделство. Ние како министерство реализираме многу наши мерки, програми и проекти кои исто така имаат за цел модернизација на производство. Деновове започнавме со доделување на решенијата за набавка на 2453 модерни трактори, кои имаат вградена дигитална технологија. Во тек е проект за изградба на откупно-дистрибутиви центри во Ресен, Струмица и Скопје, кој го реализираме со поддршка од Светска банка. Континуирано со поддршка од ЕУ и ФАО  тече процес на консолидација на земјоделско земјиште, со што ќе го надминеме проблемот на мали и неправилни парцели кои се најтешки за обработка и на кои тешко се применува дигитална технологија. Први во регионот започнавме со ИПАРД 3 што исто така е во насока на модернизација и поголем развој на македонското земјоделство. А кога ќе ги собереме сите активности, вклучувајќи ги и овие два проекта со поддршка од ЕУ, јасно е дека македонското земјоделство интензивно се модернизира и е сѐ поблиску до европските стандарди” рече министерот Николовски.

Настанот се одржа во пресрет на светскиот ден на задругарството кој ќе се одржи оваа сабота, под мотото „Задруги за одржлив развој”.

 

Tags: НиколовскиРесен
Next Post

Ковачевски од Фондацијата „Фридрих Еберт": Евроинтеграцијата на С. Македонија е значајна за општествениот и за економскиот развој на земјата

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk