Согласно договорот помеѓу „Макпетрол” АД Скопје и „Гаспром експорт”, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол” АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец јули ќе се намали за 0,62 % за мегават час, во однос на цената за месец јуни оваа година.
Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на „Макпетрол” се намалува за 0,50 денари за килограм (0,35 ден./лит.), во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 62,00 денари за килограм, односно новата цена ќе изнесува 61,50 денари за килограм или 43,54 денари за литар.