ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прилепската претстава „Глембаеви“ на фестивал во Загреб

July 6, 2023 21:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ на 4 јули се претстави на 12-тиот фестивал „Мирослав Крлежа“ во Загреб со претставата „Глембаеви“ во режија на Бранко Брезовец. Фестивалот се одржува по повод 130 години од раѓањето на големиот драмски автор и писател.

-Најдобра претстава по текст на Крлежа што сум ја гледал во Хрватска по подолго време, изјави Борна Балетиќ, професор на ФДУ во Загреб.

Јасмина Мицовска Станкоска, в.д директор на ЦК „Марко Цепенков“ од Прилеп посочува дека театарот се прикажал во вистинско светло на фестивалот во Загреб.

-Среќна сум и горда од одличниот настап на театарот „Војдан Чернодрински“ на фестивалот во Загреб. Убаво е чувството кога се добиваат пофалби за  претставата, која актерите ја играат со многу  радост, посветеност. Аплаузот на крајот е потврда за феноменалната игра на нашиот ансамбл. Горди сме што го претставувавме театарот и Македонија на фестивали надвор од нашите граници. Благодарност до Министерството за култура  за поддршката и соработката. Ќе продолжиме и понатаму да бидеме репрезенти на нашата култура, истакна Мицовска Станкоска.

Според актерката Даниела Иваноска, да се гостува со Глембаеви на Крлежа во Загреб, на фестивалот посветен на Мирослав Крлежа на македонски јазик, е навистина предизвик.

-Крлежа за нив е библија, дел од нивниот генетски код, автор кому се посветени безброј истражувања, критики, институции, улици, настани и се прашувам, како сега ние, на нивни терен, со нивен автор-институција, ќе успееме да кажеме нешто повеќе од тоа што го имааат за Крлежа?! Игравме во театарот Керемпух, во сала полна со луѓе од нашата фела -режисери, професори на академија, некогашни првенци, а сега во пензија, од ХНК и Керемпух, актери, композитори, сценографи, вистински љубители и почитувачи на театарската уметност. Се враќаме на бис 4-5 пати, додаде Иваноска.

Во претставата играат Андон Јованоски, Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Сузана Брезовец, Димитар Црцороски, Исидор Јованоски, Димитар Ѓорѓиевски, Игор Трпчески и Ана Митоска. Композитор е Никола Мицевски, сценографијата е на Ивана Кнез и костимографијата на Сузана Брезовец.

Tags: ГлембаевиПрилепТеатар
Next Post

Јавна расправа за новиот Предлог-закон за култура

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk