Жителите на Слупчане синоќа се обидоа да ги спречат екипите на ЕВН да влезат и да извршат интервенции со запалени гуми и блокади поставени на главниот пат кој води кон кумановското село.
ЕВН Хоум ја исклучила електричната енергија и селото остана во тотален мрак. Од компанијата велат дека постојано се соочуваат со проблеми и закани од мештаните, односно не постојат услови за нормално извршување на законските обврски за одржување и управување на системот задистрибуција.
Слупчане важи за населено место каде што најмалку се плаќаат сметките за електрична енергија.
Според некои пресметки вкупните годишни загуби поради кражби на струја во селото изнесуваат повеќе од 1 милион евра.