ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ТАВ Македонија домаќин на српски блогер за патувања со цел промоција на Охрид

July 7, 2023 14:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

ТАВ Македонија, со поддршка на Air Serbia, го пречека и беше домаќин на српскиот блогер за патувања Putuj.rs, со цел промоција на Охрид и Охридското Езеро како дестинациja за патување кај луѓето од соседна Србија, кои од 19 јуни 2023 година можат да пристигнат во Охрид за помалку од 1,5 час, со летовите на Ер Србија на обновената линија Белград-Охрид, која сообраќа 4 пати неделно.

Српскиот блогер за патувања пристигна на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид со првиот обновен  лет на релација Белград – Охрид, на 19 јуни, а за време на неговиот 5-дневен престој на живописното Охридско Езеро, ги овековечи воодушевувачките пејзажи, неверојатната архитектура, живите и динамични улици и волшебните цркви – во потрага по откривање на скриениот бисер на Балканот – Охрид.

Идејата и иницијативата на ТАВ Македонија – да ангажира професионалец кој ќе креира водич за патување за Охрид за српската популација на Балканот, на нивниот мајчин јазик, беше реализирана преку различни содржини на социјалните мрежи, креирани и објавени од страна на српскиот блогер putuj.rs, преку текст со фотографии на неговиот блог, преку страниците на Instagram и Facebook, како и преку 30-минутно видео за Охридското Езеро објавено на неговиот канал на YouTube, со наслов „Охрид и Охридското Езеро, приказна со душа“.

За време на неговата посета, блогерот шеташе по калдрмата, воодушевувајќи се на стариот град во Охрид, кој е на списокот на светското наследство на УНЕСКО. Се восхитуваше на иконичната Охридска тврдина, сведоштво за историското минато на градот и уживаше во архитектонските чуда на црквата Св. Јован Канео и црквата Св. Софија. Неговите фотографии и видеа одлично ја доловија суштината на овие историски знаменитости, носејќи ја и водејќи ја неговата публика до самото срце на Охрид. Понатаму, тој патуваше со брод до една од најатрактивните македонски туристички локации со прекрасна околина, манастирот Св. Наум, а имаше и шанса да ги посети и да ужива во природниот спој на изворите на реката Црн Дрим, а подоцна уживаше на плажата со ситни бели камења и беспрекорно проѕирната вода во Трпејца, како и на песочната плажа во Љубаништа.

Дополнително на уживањето во пејзажите, имаше шанса и за малку покачување на адреналинот – тој леташе со параглајдер над Охридското Езеро и Галичица, а во текот на целиот престој го доживеа гостопримството на луѓето и градот Охрид, вкусувајќи ги вкусните специјалитети како пастрмка, белвица, ѓомлезе, макало, рибја чорба и уникатната охридска јагула.

ТАВ Македонија, во рамките на стратегиите за маркетинг и комуникации на ТАВ Аеродроми, континуирано иницира слични активности од областа на интегрираните маркетинг-комуникации, со цел да ги промовира скопскиот и охридскиот аеродром, како и Охрид, Скопје и Македонија како дестинација за патување за странците од различни држави кои се потенцијални пазари за дојдовни туристи.

Tags: ОхридПРТАВ Македонија
Next Post

Кој не ги плаќал сметките ќе мора да ги плати, вели Ковачевски за Слупчане

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk