Велат дека ништо не успева толку добро како – успехот! Младата грчка филмска режисерка Асимина Проедру веќе со дебитантскиот долгометражен игран филм „Зад стоговите сено“ (Piso apo tis thimonies / Behind the Haystack) постигна супериорен успех во нејзината татковина, каде што освои дури 10 награди на Грчката филмска академија, а филмот бележи одлични одгласи и во меѓународната филмска критика. „Зад стоговите сено“ е реализиран како копродукција помеѓу Грција, Германија и Северна Македонија. Македонски партнер е „Сектор филм“, предводен од продуцентите Владимир Анастасов и Ангела Несторовска, како прва соработка помеѓу грчките и македонските филмаџии по потпишувањето на Преспанскиот договор.
Премиерата на филмот се одржа на Филмскиот фестивал во Солун, во ноември 2022 година, каде доби шест награди. Веднаш потоа беше награден за најдобар дебитантски филм на фестивалот во Гоа – Индија. Македонската премиера на филмот се очекува на некој од домашните филмски фестивали чии термини на одржување се на есен.
Снимањето на филмот се одвиваше на територијата на Грција и на локации во Дојран и Гевгелија во текот на 2021 година, кога сѐ уште беа на сила ковид-протоколите.
Интервјуто со режисерката Асимина Проедру за Рацин, тука.