ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: 60 години „Галичка свадба“, шеесет години прослава на љубовта, традицијата и културата

July 11, 2023 14:38
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Организаторите на традиционалната културна манифестација „Галичка свадба“ денеска на прес-конференција ја претставија програмата на настанот, што ќе се одржи од 14 до 16 јули под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, и со поддршка од Министерството за култура. Галички младенци на 60. издание на „Галичка свадба“ се Елисавета Булоска и Оливер Андреевски.

„Шеесет години традиција, шеесет години радост за враќање дома во родниот крај, шеесет години Галичка свадба – историскиот мост меѓу нашето минато и сегашност. Мост меѓу живата традиција и современоста. Галичка свадба е повеќе од обичен настан. Таа е вистинско патување низ времето, магичен момент кога се спојуваат генерациите и се пренесуваат обичаите што ги чуваме со голема почит. Ова е време кога се слават љубовта, семејството и заедницата“, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по повод претстојното одржување на традиционалната манифестација „Галичка свадба“.

Таа додаде дека и оваа година „Галичката свадба“, и галичките свадбени обичаи нема да бидат само момент на среќа, радост и веселба, туку и живо негување на обичаите, традицијата и заедништвото на нашите предци кои се пренесуваат од поколение на поколение.

Според Костадиновска-Стојчевска, на Петровден, писокот на зурлите и екот на тапаните ќе нѐ потсетат дека нашите традиции се живи и заштитени, а народот обединет околу своите културни вредности и обичаи.

„Секоја песна, секој танц, секоја шара на традиционалната облека, секој обред пренесува пораки за нашата историја, верувања и обичаи. Тоа се приказни што не смее да се загубат и да се заборават. Сево ова им нуди  можност на младите да се поврзат со своите корени, да ги споделат нашите обичаи со посетителите,  потврдувајќи колку сме горди на нашата култура и културни вредности“, рече министерката за култура.

Министерството за култура, како што истакна Костадиновска-Стојчевска, е силен поддржувач на Галичката свадба, но и промотор на Галичката свадба како културно наследство кое зборува за историјата и културата на македонскиот народ.

„Препознавајќи ги значењето на манифестацијата и на галичките свадбени обичаи на мијачкиот крај, а и на македонскиот народ воопшто, со Институтот за фолклор се работи на елаборат со кој за првпат оваа уникатна жива традиција ќе ја добие заслужената институционална заштита. На овој начин ќе се заштитат од заборав уникатните обичаи кои го претставуваат битот на македонскиот народ и се потсетник на едно друго време, начин на живот, ниво на култура и свест што не смее да се заборави“, подвлече министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска им пожела долг и спокоен живот на младенците, а граѓаните ги покани да дојдат во Галичник на, како што рече,  прославата на љубовта, традицијата и културата.

Инаку, традиционално, почетокот на годинашната „Галичка свадба“ ќе биде означен в сабота, 15 јули, со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот. Потоа ќе бидат изведени познатите свадбарски ритуали – „пречек на тапаните“ и „свекрвино оро“ – а ќе биде одиграно и „Тешкото“ – оро кое го симболизира испраќањето и пречекот на печалбарите, што била честа појава во овие краеви. Утрото в недела, 16 јули, ќе го одбележат традиционалните свадбени обичаи, а венчавањето на младенците ќе се изврши во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Галичник.

Tags: „Галичка свадба“Костадиновска Стојчевска
Next Post

Зеленски: Колебливоста е слабост, апсурдно е да не и се понуди членство на Украина во НАТО

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk