ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: Ги охрабрувам младите преку културата да се спротивстават на дискриминацијата и нееднаквоста

July 12, 2023 11:28
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Под мотото „Остави трага“, вчеравечер во Битола се одржа вториот мултимедијален настан во рамките на кампањата „Дојди – раскажи ја својата приказна!“, наменета, пред сè, за младите генерации. Во серијата настани и отворени разговори за споделување на личните искуства учествува и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. Тема на мултимедијалните настани на Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Советот на Европа и Институтот за добро владеење и евроатлантски перспективи, е „Еднаква, своја, успешна“.

Вчерашната панел-дискусија се одржа пред платото на еден од најзначајните културно-историски објекти, Официрскиот дом во Битола.

Министерката Костадиновска-Стојчевска во своето обраќање ја раскажа личната приказна за реализацијата како ќерка, мајка, професорка, пратеничка и,  сега, министерка.

– Целта е постигната бидејќи сум убедена дека моќните пораки што ги пренесовме јас и моите соговорници, инспирирани од нашите лични искуства и сведоштва, ќе им дадат поттик и мотив на нашите деца, на младите воопшто да се остварат во храбри и одлучни личности, кои ќе бидат активни чинители во современите општествени текови и достоинствено ќе се борат за еднаквост и рамноправност во заедницата. Кога зборуваме за родова еднаквост, се стремиме кон тоа, образовниот  систем да го приспособиме кон нови образовни содржини. Со правилно воспитување и школување, можеме понатаму да влијаеме преку културата, уметноста и образованието во креирање на свеста на секој поединец за еднаквост и подобар свет за сите – истакна министерката Костадиновска-Стојчевска.

Министерката Костадиновска-Стојчевска истакна дека треба да бидеме позитивен пример за студентките и ученичките, тие да не бидат жртви на дискриминација, говор на омраза, и во ниедна сфера на дејствување да немаат бариери само затоа што се жени.

Покрај министерката за култура, учествуваа и: министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска; професорката на УКЛО – Битола, Ангелина Стојановска; Маја Атанасовска од женската трка „Биди своја“;  Мартин Ангелов, сопственик на кафулето „Улаф“; Дарко Беровски, дигитална платформа „Спознавање“; Ана Јовковска, писателка и Марија Андреева, проектна раководителка во рамките на канцеларијата на Советот на Европа.

Како културно дополнување на настанот, восхит предизвикаа со својата изведба: музичката група „Шербет“, театарската претстава на „Интимен театар“ и дел од студентите од ИБУ – Факултет за уметност и дизајн. Водител на настанот беше Огнен Јанески.

Tags: „Остави трага“Костадиновска Стојчевска
Next Post

ЕК предлага мерки за намалување на штетното влијание на транспорт врз животната средина

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk