ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ од Вашингтон: Целта е членство во ЕУ, регионалната соработка е појдовна точка за заедничка европска иднина

July 13, 2023 20:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во Вашингтон учествувал на конференција на тема „Западен Балкан: Трансатлантска и регионална соработка – градење силни сојузи“, на покана на Трансатлантската лидерска мрежа, на која истакнал дека регионалната соработка е многу важна, заедно со прогресот и стабилноста, и дека ЕУ од Западен Балкан очекува поврзување и заедничко дејствување во надминувањето на бариерите.

– Нашата цел е ЕУ, но регионалната соработка е таа која побрзо ќе спушти бариерите и ќе ги претвори во можности. Прогрес, соработка и стабилност очекува од нас ЕУ. Сите разлики што ги имаме меѓу себе мораме да ги решиме онака како што ЕУ ги решава, во рамки на регионална соработка и дијалог, рекол Маричиќ.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, тој додал дека соработката, поврзувањето и дијалогот нè прави кредибилен партнер на ЕУ и дека треба да биде научена лекцијата од досегашното чекање пред вратите во ЕУ, дека успехот на една држава е успех на сите во регионот и секој неуспех е неуспех на целиот регион.

Говорејќи за успехот на иницијативите Берлински процес и Отворен Балкан, Маричиќ потенцирал дека и двете одат во иста насока и ги даваат посакуваните резултати, правејќи го бизнисот и секојдневното функционирање на граѓаните полесно.

Во економска смисла, според Маричиќ, нема сомнеж дека многу брзо и лесно можеме да бидеме интегрирани во ЕУ, па како што рекол тој, не е случајна и иницијативата за предвремено интегрирање во европската економска заедница.

– Со новиот план за забрзана интеграција на Западен Балкан имаме подадена рака од ЕУ да ги зајакнеме меѓусебните односи и можност да бараме јасен план за членство, не подоцна од 2030 година. Затоа сите инструменти кои ни се нудат треба да ги искористиме за целосно да го постигнеме членството во ЕУ и да го вратиме кредибилитетот на ЕУ и нејзината популарност, преку конкретни резултати за граѓаните, потенцирал Маричиќ.

Вицепремиерот порачал дека подобрување на регионалната поврзаност и соработка е основа ако земјите од Западен Балкан сакаат да напредуваат во ЕУ и во таа насока посочи дека заедничките предизвици, како темите поврзани со енергетика, безбедност, зелена агенда, треба заедно да ги држиме отворени со ЕУ, со крајна цел – членство во ЕУ.

На конференцијата, во организација на Трансатлантската лидерска мрежа, а во соработка со Центарот за Европа на Атлантскиот совет, учествувале американски експерти, професори, претставници на дипломатскиот кор и граѓанскиот сектор.

Tags: Бојан МаричиќВашингтонЕУСАД
Next Post

Што може да носите при влез и излез од државата

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk