Пет месеци по разорните земјотреси во Турција, денеска во Берлин ќе се одржи конференција за обнова, јави ДПА.
Конференцијата ја организира Здружението на германските комори за индустрија и трговија (ДИХК) и турски партнерски организации.
Обемот на уништувањето е огромен, а реконструкцијата ќе трае многу години, рече здружението, додавајќи дека Турција се потпира на поддршката од германските компании.
Обемот на уништувањето е огромен, а реконструкцијата ќе трае многу години, соопшти здружението, додавајќи дека Турција се потпира на поддршката од германските компании.
На конференцијата се планирани и видео пораки од германскиот канцелар Олаф Шолц и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
ДИХК, исто така, планира да го промовира продолжувањето или започнувањето на заедничките деловни активности и да создаде локални можности за вработување.
На почетокот на февруари, неколку разорни земјотреси ја погодија југоисточна Турција и делови од Сирија. Во земјотресите загинаа десетици илјади луѓе, милиони останаа без домови, а болниците и инфраструктурата имаат потреба од обнова.