ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Саат-кулата во Битола прогласена за културно наследство од особено значење

July 14, 2023 15:35
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Саат-кулата во Битола ја добива највисоката верификација и се вбројува во редот на културни добра со најголема културно-општествена важност на градот.

Владата, на седницата одржана на 11 јули, донесе одлука за прогласување на Саат-кулата за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење.

Градскиот часовник, со својата висина од 33 метри, доминацијата во просторот и саатниот механизам, претставува еден од најзначајните симболи на Битола.

Објектот e изграден во 1830 година, а се наоѓа во Градскиот парк, во срцето на Битола, на просторот меѓу црквата Св. Димитрија и Јени-џамијата. Со својата архитектонска, градежничка, историска, социолошка и документарна вредност, Саат-кулата во Битола е сведоштво за општествено-економските и културно- историските околности во Битола и пошироко, во рамките на балканскиот простор.

Кулата со автентични камени фасади е културен споменик кој се издвојува по своите специфики и во градбата, монументалноста, изгледот и во степенот на изворната зачуваност. Кулата е значајна и по своите архитектонски и стилски карактеристики, квалитетниот материјал од кој е изградена со вметнување декорирани мермерни сполии и оригиналните мермерни столбови, како и по камените скали кои водат до врвот.

Саат-кулата има и единствен музички механизам со 15 камбани од кои одекнува одредена мелодија на секои шест часа.

Истовремено, овој објект дава препознатлив урбанистички акцент во Битола бидејќи во релација со монументалните споменици во неговата близина се создава единствен урбан ансамбл. Со тоа, Саат-кулата во Битола се вбројува во редот на културни добра со највисока културно-општествена валоризација како своевиден белег на „Градот на конзулите“.

Сите овие специфики се вградени во Елаборатот за ревалоризација на Саат-кулата во Битола и во Предлог-актот за нејзино прогласување за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење, коишто се разгледани и одобрени од Националниот совет за културно наследство.

Tags: БитолаСаат-кула
Next Post
Фотомонтажа: М.Д./ЦивилМедиа

Налогот за апсење на Пригожин веќе е во системите на ФСБ и МВР на Русија, ПВК Вагнер повеќе не војува во Украина

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА

  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ