Провинцијата Чунгкинг во југозападна Кина денеска издаде предупредување за обилни врнежи од дожд во 24 области, објавија кинеските државни медиуми, наведувајќи дека во таа област поради обилните врнежи се заканува излевање на голем број реки, поради што 2.600 жители беа евакуирани.
Локалните официјални претставници, исто така, предупредија на поплави и лизгање на земјиштето. Големи поплави зафатија делови од Кина во последните неколку недели, а посебно беше погоден Чунгкинг, каде минатата недела 15 лица го загубија животот поради поплави и лизгање на земјиштето.
Повеќе од 40.000 луѓе пред неколку дена поради поплави се евакуирани во кинеската провинција Сечуан.